Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува палењето на трските во Струшко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува палењето на трските во Струшко
Агровести

Продолжува палењето на трските во Струшко

Објавено 28/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Палењето на трските на Струшкото крајбрежје и годинава станува алармантно. Состојбата се повторува секоја пролет, а на опожарените места подоцна никнуваат плажи, угостителски објекти, хотелски комплекси или обработливо земјоделско земјиште.

Експертите по животна средина и екологистите предупредуваат дека со тоа се загрозува богатата флора и фауна со која располага крајбрежната зона на Охридското Езеро. Секоја година, според нив од крајот на февруари до мај, па и јуни, појасот со трски во езерото и на крајбрежјето се соочува со сечење, палење…

Само вчера на езерскиот брег на потегот од Струга кон селото Калишта изгореа околу 450 метри во должина и 50 метри во ширина трска. Ова е трет случај на палење во Струшко од почетокот на годината, а претходниот беше пред само десетина дена.

Инспектори на државниот инспекторат за животна средина и претставници на Одделението за внатрешни работи од Струга денеска беа на терен, направен е увид и, како што изјави за МИА директорката на Инспекторатот за животна средина Ана Петровска, предизвикана е голема штета на крајбрежниот појас.

– Опожарена е трска од околу 450 метри должина и 50 метри ширина на потегот од плажите „Версус“ и „Аквариус“ во Струга, во насока кон Калишта, на делот меѓу патеката и кон брегот. Потенцијално место што може да се претвори во плажа, појасни Петровска.

Претходните два случаи, според директорката, завршиле со кривични пријави, првиот за непознат сторител бидејќи било на државно земјиште, а во вториот случај на запалена трска кривична пријава добил сопственикот на земјиштето. За вчерашното палење, допрва ќе се истражува сопственоста на земјиштето и врз основа на тоа ќе биде доставена соодветна кривична пријава.

– Договоривме постојани полициски патроли да бидат на терен и сите сопственици на земјиште да се предупредат, доколку во близина на нивната катастарска парцела се случи пожар тие ќе бидат обвинети. Очекувам конечно да се почне со санкционирање на сторителите, изјави Петровска

Трската, како што појасни доктор Марина Талевска, експерт од Хидробиолошкиот институт во Охрид е живеалиште и храна за разни видови животински организми од крајбрежјето на Охридското Езеро, како што се многуте безрбетници, рибите, особено краповидните риби и некои водни птици, кои живеат токму тука. Таа претставува место каде што се мрестат огромен број риби, меѓу кои крапот и плашицата и место каде се гнездат водните птици: пајки, чапји и лебедот.

– Секоја година во овој период, на почетокот на вегетацијата се повторува истото. Масовно се палат трските долж крајбрежјето од крајот на февруари до мај. Пред две години Хидробиолошкиот институт направи презентација во која беа изложени факти пред Владата и Собранието, со цел преземање мерки и заштита од уништување на крајбрежниот појас со трски, рече Талевска.

Со уништувањето на трските, на било каков начин преку сечење, палење, корнење, затрупување со градежен шут и земја, се уништуваат и природните живеалишта во крајбрежната зона. Трските се повеќе годишни растенија и доколку се исечени или запалени коренот останува и оттаму може повторно да истераат следната година, но ако се искорнати, тие се комплетно уништени. На местото каде што е изгорена трската птиците не доаѓаат да се гнездат, ниту пак рибите да се мрестат.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Стругатрски
Претходен напис Намаленото производство на пролетна зелка во Струмичко ги натера трговците да ги откажуваат нарачките
Следен напис Aвтомат цвеќарница – Милан го спасил семејниот бизнис со дизајнирање на автомат за цвеќе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?