Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР со нова финансиска поддршка во висина од 10.000 евра и сигурен пласман на производите – услови и критериуми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ФИТР со нова финансиска поддршка во висина од 10.000 евра и сигурен пласман на производите – услови и критериуми
АгровестЈавни огласи и повици

ФИТР со нова финансиска поддршка во висина од 10.000 евра и сигурен пласман на производите – услови и критериуми

Објавено 22/04/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Основна цел на новиот јавен повик наречен „Стартап херои” кој е објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со ТИНЕКС МТ ДООЕЛ како корпоративен партнер на Фондот,е да се промовира иновацијата и конкурентноста преку воспоставување на партнерство помеѓу малите производители и претпријатие од корпоративниот сектор и да се обезбеди полесен пристап до пазарот за малите новоосновани претпријатија.


Активности подобни за финансирање

  • Доработка, усовршување и додавање вредност на производот;
  • Маркетинг активности насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот;
  • Тестирање на пазарот, истражувања и анализи пред излез на пазар;
  • Исполнување на условите и добивање потребна документција за пуштање на производот во промет;
  • Сертификација, акредитација и други процеси и документација потребна за пласман на домашниот пазар;
  • Заштита на интелектуалната сопственост.

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.

 Категории на производи подобни за финансирање:

  1. Кондиторски производи – благи (кроасани, чоколадни намази, чоколади и сл.) и солени (чипсови, грицки, крекери и сл.);
  2. Органска и здрава храна (пакувани, конзервирани органски производи и производи за диетална прехрана)
  3. Безалкохолни и алкохолни пијалаци во кои содржината на алкохол е пониска од 15%;
  4. Основни прехранбени продукти (млеко и млечни производи, брашно, јајца, масло, оцет и дресинзи, мед и слатки намази и сл.);
  5. Конзервирани производи;
  6. Козметички производи (нега на лице, тело, коса и сл.);
  7. Производи за чистење и освежување на домот.

Вкупниот буџет за предизвикот изнесува 7 милиони денари, со максимален износ по апликација  од 600,000 (шест стотини илјади) денари.

80% од средствата ќе се исплаќаат авансно веднаш по потпишување на договорот, а останатите 20% ќе бидат исплатени по одобрување на извештај за реализиран проект, трговско друштво, основано согласно Законот за трговските друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;


Критериуми за подобност на апликант се

  • Да е новоосновано трговско друштво, основано согласно Законот за трговските друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • Од моментот на основање на трговското друштво до моментот на поднесување на апликација до Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години ;
  • Годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 500.000,00 (петстотини илјади) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години (2019 и 2020 година);
  • Да не е поврзан (Согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие чии годишни приходи надминуваат 500.000,00 (петстотини илјади) евра во денарска противвредност, освен во случај на  поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
  • Да е во доминантна македонска сопственост;
  • Да е претпријатие чии производи не се комерцијално достапни за продажба во ланците на маркети од земјата и странство;
  • Да ги исполнува комерцијалните и правни услови за влез во продажното портфолио на ланецот маркети;
  • Против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • Да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis), односно:
    • Да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двесте илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
    • Да нема акумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
    • Да не се занимава со производство на јаглен.


Поволности кои ќе ги обезбеди корпоративниот партнер ТИНЕКС МТ ДООЕЛ

  • Промоција на производите преку нивно поставување на посебно обележани полици на однапред дефинирани локации на маркети во период од 12 месеци;
  • Креирање на брошура за производите од проектите избрани за финансирање и/или додаток во постоечките брошури;
  • Помош при промоција на производите во маркетите;
  • Вклучување на производите во интегрирана дигитална маркетинг комуникација на ланецот на маркети;
  • Изготвување на маркетинг кампања за промоција на производите на ТВ/радио; и
  • Со избраните натпреварувачи ТИНЕКС-МТ ќе склучи Договор за соработка во кој ќе ги договорат условите за набавка и продажба на наградениот производ.

Трошоци подобни за финансирање

  • Набавка и/или изнајмување на материјали и опрема за подобрување на процесот на амбалажирање и стандардизација на производот;
  • Набавка на потрошни материјали за истражување и анализа на пазар (на пр.тестери, примероци на производи за тестирање, дегустација и сл.);
  • Ангажирање на експерти/консултанти за истражување и развој, анализа на пазар, маркетинг стратегија, иновациски менаџмент, бизнис развој, права на интелектуална сопственост, финансиски менаџмент, и друго);
  • Трошоци поврзани со обезбедување на квалитет преку стандардизација, сертификациија и слично;
  • Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и индустриски дизајн;
  • Маркетинг трошоци поврзани за брендирање и промоција: ангажирање на дизајнери/ консултанти за креирање на бренд идентитет на производот, дизајн на амбалажа на производот, дизајн и изработка на промотивни материјали и друг тип на дизајни за маркетинг активности за унапредување на пазарниот пристап при пласманот;
  • Други трошоци поврзани со проектот (банкарски провизии,режиски трошоци, трошоци за сметководство, оперативни трошоци, трошоци за дистрибуција на производи и сл.)

Имплементацијата на проектот може да биде со времетраење од максимум 4 (четири) месеци.

Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 25.05.2021 година.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Таг:10000 евраКоста ПетровФИТР
Претходен напис Повик за пријавување на кандидати за учество на програма за ПЧЕЛАР ЗА ОСНОВНО ПЧЕЛАРСТВО НА ОДРЖЛИВ НАЧИН
Следен напис (ВИДЕО) Христо Кондовски: Расте интересот за осигурување во земјоделството и сточарството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?