Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фондот за иновации и технолошки развој на ден го објави јавниот повик за предизвикот „СТАРТАП ХЕРОИ“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Фондот за иновации и технолошки развој на ден го објави јавниот повик за предизвикот „СТАРТАП ХЕРОИ“
Јавни огласи и повици

Фондот за иновации и технолошки развој на ден го објави јавниот повик за предизвикот „СТАРТАП ХЕРОИ“

Објавено 22/04/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите е клучна за негување на културата на иновативност во државата. Ваквата соработка, меѓу другото, придонесува за зголемување на учеството на корпоративниот сектор во развојот на стартап еко системот и за зголемување на степенот на одржливост кај стартапите. За стартапите соработката со голема компанија честопати може да биде точка на пресврт во нивниот развој, а за претпријатијата од корпоративниот сектор таа може да значи пронаоѓање на нови пристапи кон специфични деловни проблеми како и искористување на нови можности.

Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), Програмата за корпоративна иновативност арх.бр. 01-933/7 од 22.02.2021 година и Правилата за доделување на финансиски средства преку организирање на предизвици за вложување во реализација и пласман на пазарно ориентирани иновации на новоосновани трговски друштва  арх. бр. 01-933/6 од 22.02.2021 година, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 22.04.2021 година, го објавува јавниот повик за предизвикот СТАРТАП ХЕРОИ.

Предизвикот „Стартап херои“ се спроведува во соработка со ТИНЕКС МТ ДООЕЛ како корпоративен партнер на Фондот. Тој се заснова на предлог-иницијативата и подготвеноста на Тинекс МТ ДООЕЛ да придонесе во унапредување на развојот на малите производители преку  отворање на можноста за пласман на нивните иновативни производи во еден од најголемите малопродажни ланци во земјава.

Повикот е наменет за сите иновативни домашни производители кои својата идеја со многу храброст и труд ја претвориле во производ за кој постои потенцијал за пласман и успех на пазарот. Во рамки на предизвикот тие ќе можат да реализираат активности со кои ќе го подготват својот производ за успешен влез во малопродажбата на цела територија. По успешното и навремено завршување на процесот на подготовка на производите за пласман на пазарот, сите наградени производи во рамките на овој предизвик, ќе се најдат на посебно обележани полици на однапред дефинирани продажни локации на Тинекс МТ ДООЕЛ.

Покрај Тинекс МТ ДООЕЛ, партнери на овој предизвик сe и:

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка и ФД Фактор траст.

Поддршката на ИМЕ ќе биде насочена кон корисниците на Фондот избрани на овој предизвик.

ИМЕ ќе учествува во вкупниот буџет за предизвикот со финансиски средства од 1 (еден) милион денари. Дополнително ИМЕ ќе обезбеди и менторска поддршка за одбраните стартапи во нивна подобра подготовка да бидат успешни добавувачи на ланецот на супермаркети, стручни совети за финализација и зголемување на атрактивноста на производите 

Вкупниот буџет за предизвикот изнесува 7 милиони денари, со максимален износ по апликација  од 600,000 (шест стотини илјади) денари. Целосниот износ на средства го обезбедува ФИТР.

Исплатата на средствата ќе се одвива на следниот начин: 80% авансно, по потпишување на договорот, а останатите 20% ќе бидат исплатени по одобрување на извештај за реализиран проект.трговско друштво, основано согласно Законот за трговските друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;

Подобни за аплицирање се трговски друштва кои од моментот на основање до моментот на поднесување на апликација до Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години.

Активности подобни за финансирање се:

  • Доработка, усовршување и додавање вредност на производот;
  • Маркетинг активности насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот;
  • Тестирање на пазарот, истражувања и анализи пред излез на пазар;
  • Исполнување на условите и добивање потребна документција за пуштање на производот во промет;
  • Сертификација, акредитација и други процеси и документација потребна за пласман на домашниот пазар;
  • Заштита на интелектуалната сопственост.

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка. Категории на производи подобни за финансирање:

  1. Кондиторски производи – благи (кроасани, чоколадни намази, чоколади и сл.) и солени (чипсови, грицки, крекери и сл.);
  2. Органска и здрава храна (пакувани, конзервирани органски производи и производи за диетална прехрана)
  3. Безалкохолни и алкохолни пијалаци во кои содржината на алкохол е пониска од 15%;
  4. Основни прехранбени продукти (млеко и млечни производи, брашно, јајца, масло, оцет и дресинзи, мед и слатки намази и сл.);
  5. Конзервирани производи;
  6. Козметички производи (нега на лице, тело, коса и сл.);
  7. Производи за чистење и освежување на домот.

Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 25.05.2021 година, до 14:00 часот. За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.

Јавниот повик во целост е објавен на Веб страната на Фондот за Иновации и технолошки развој https://fitr.mk/startapheroi/

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:Стратап хероиФИТР
Претходен напис Фабриката „Пејпар мил“ од Кочани ја комплетира изградбата на пречистителна станица за отпадна вода
Следен напис Се расчистува и уредува дел од коритото на реката Сушица во Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?