Во Крушево продолжува акцијата за пошумување и озеленување на околината. Акцијата е дел од програмата „Добра земјоделска практика“ со поддршка на Сојузот на земјоделски здруженија и на Општината.
Пошумувањето почнува утре во 11 часот во околината на споменикот „Слива“, а ќе учествуваат претставници од компанијата „Секе“, општината Крушево, од Сојузот на земјоделски здруженија, шумското претпријатие „Липа“, ученици од основното училиште „Никола Карев“, од средното „Наум Наумовски Борче“ и волонтери.
Учесниците во оваа акција ги повикуваат сите граѓани на Крушево да учествуваат во засадувањето дрвја.
Оваа акција е на иницијатива на компанијата „Секе“, во рамките е на програмата „Добра земјоделска практика“ и со поддршка на Сојузот на земјоделски здруженија и на општината Крушево.
