Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пандемијата ја „нокаутираше“ потрошувачката на пиво во Чешка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пандемијата ја „нокаутираше“ потрошувачката на пиво во Чешка
Магазин

Пандемијата ја „нокаутираше“ потрошувачката на пиво во Чешка

Објавено 21/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пандемијата на вирусот ковид-19 лошо се одрази на потрошувачката на пиво во Чешка, чии граѓани се познати по нивната голема „љубов“ кон тој пијалак.

Просечната потрошувачка по лице падна за седум литри, на 135 литри минатата година, што е најнизок податок од 60-тите години на минатиот век, покажуваат податоците на Чешката асоцијација на производители на пиво.

Шефот на синдикатот, Франтишек Самал, изјавил дека тој никогаш не доживеал ваква криза и дека 500 пабови морале трајно да ги затворат вратите, а годинава се очекува да се затворат уште стотици пабови, пренесува агенцијата АП.

Баровите и рестораните се затворени со месеци откако пандемијата на коронавирусот ја погоди земјата во март минатата година.

На падот на потрошувачката на пиво влијаеше и забраната за пиење алкохол во јавност и откажувањето на спортските, културните и други настани.

Вкупното производство на пиво во земјата падна за 6,9 проценти на 20,1 милиони хектолитри, додека извозот на пиво падна за 381.000 хектолитри на околу 5 милиони хектолитри, што претставува прв пад по девет години раст.

Чешка е една од најтешко погодените од европските земји од ковид-19.

Во таа земја, со 10,7 милиони жители, пријавени се над 1,6 милиони случаи на ковид-19, вклучително и 28.640 смртни случаи.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:пивоЧешка
Претходен напис Кромид шалот – Најсладок млад кромид кој ќе го пробате
Следен напис „Дрекселмајер“ отвора нова производствена линија во Кавадарци и нов производствен погон во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?