Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонски полжави се извезуваат и во услови на пандемија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонски полжави се извезуваат и во услови на пандемија
Агровести

Македонски полжави се извезуваат и во услови на пандемија

Објавено 20/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонски полжави се извезуваат и во услови на пандемија, како лани, така и оваа година, иако количините на откупени полжави оваа пролет се помали споредено со претходните години.

Но, откупните цени се зголемени, за разлика од периоди пред коронавирусот. Оваа информација денеска за МИА ја потврди Васко Стевковски од Скопје, откупувач и извозник на ливадски полжави. Извозот е во Србија, Босна, Грција, каде што се прават специјалитети од полжавите.

Тој информираше дека некогаш се откупувале и по околу илјада тони во државата за една сезона, од сите откупувачи, а сега околу 350 до 400 тони.

Инаку, во Тиквешко деновиве после дожд, можат да се сретнат лица од најразлична возраст кои собираат полжави, или пржајки, како што овде се нарекуваат. Ако продаваат на мало, цената е 30 денари за килограм. На големо, таа изнесува 40 денари. Може да се сретнат и цели семејства кои трагаат по полжави, дури и во градскиот парк во Кавадарци.

Во изјава за МИА, некои рекоа дека собираат полжави за дополнителен приход во домашниот буџет, а други, за да ги приготват и да уживаат во нивниот вкус.

Наместо да ја проколнуваат сиромаштијата, голем број тиквешани по дождот ги сретнавме како собираат полжави. Пешачеле како што ни кажаа и по неколку километри, за да ги наполнат вреќите и кофите. Мажи, жени и деца беа растрчани наоколу. Вреќата на рамото на едно момче изгледаше како да е потешка од него.

-По секој дожд, задолжително излегувам по пржајки. Има, како нема, само треба да ги бараш. Со парите од продажбата крпиме по некоја дупка, што се вели. Се мачиме, ама без мака ништо не бидува. Со кукање не се полни стомакот. Од лежење нема аир. Мора некако да се снаоѓаме, рече еден од оние кои редовно собираат полжави после дожд.

Има и такви полжавари што ги собираат за да ја збогатат семејната трпеза. Велат дека откриле дека месото од полжавите е вкусно и здраво, па ги собираат за да ги јадат. Ако соберат повеќе, ги чистат, ги замрзнуваат во фрижидер за подоцна на неколку пати да се гостат со нив. Ги приготвувале со ориз или ги консумирале варени па пржени или печени. Но, велат дека највкусно е кога од нив ќе се направат ќофтиња.

-Нема повкусно нешто од ќофтиња од мелено месо од полжави. Тоа ни е специјалитет на куќата и нема гостин што ни дошол, а да не бендисал – се пофали тиквешанец.

Искусните полжавари точно знаат каде се бавните животинки кои може да им донесат некој денар плус во домашниот буџет.

-Собирачите на полжави се пример кој ја потврдува старата мудрост дека природата никогаш не ги остава гладни трудољубивите, можете да слушнете во Тиквешко.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:polzavi
Претходен напис Одобрен проект за уредување на уште еден дел од коритото на Крива Река
Следен напис (Видео) Позлатено говедско – Ако сакате да го пробате овој деликатес, ќе ве чини 82 евра за еден килограм
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?