Волците во Хрватска се голем проблем за сточарите. На фејсбук-страницата на здружението Хрватски кршки пасишта се појави објава за немил настан што предизвикал голема штета на сточар во Штикада, близу Грачац.
Чопор волци неодамна ја прескокнале оградата и заклале 87 овци во шталата.
Сè се случи на само стотина метри од куќите. И не за прв пат. Во последните три недели, во два напада на волк, ова семејство остана без 120 грла овци. Тие се плашат и за остатокот од стадото затоа што, како што велат, волците станале нивни соседи со текот на годините.

„Волците постојано се слушаат како завиваат. Неодамна се видени девет волка како го минуваат патот напладне“, вели Милан Чекиќ од Штикада.
„Штетата е едноставно ненадоместлива, бидејќи сточарот има овци кои веќе се објагнуваат и сега додека ги одвои другите, пак ќе поминат две години“, објаснуваат тие.

Волкот е строго заштитен вид во Хрватска во согласност со Законот за заштита на природата и Уредбата за строго заштитени видови, иако, според Здружението, ги има премногу. Хрватска веќе 8-9 години не дозволува отстрел на волци па волци доаѓаат во предградијата, сред бел ден шетаат низ населбите и се закана за населението.

„Луѓето одат во селата да уживаат, а сега сме во ситуација да мора да ги оградуваме куќата за да не дојде волкот кај децата, луѓето се загрозени“, коментираат тие.
https://www.facebook.com/Krskipasnjaci/posts/1089474768129317
Извор: Dnevnik.hr
