Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа на средба со координаторот на ООН во РСМ – Развивање одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Хоџа на средба со координаторот на ООН во РСМ – Развивање одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина
Агровести

Министерот Хоџа на средба со координаторот на ООН во РСМ – Развивање одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина

Објавено 16/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната средба на министерот Хоџа со Постојаниот координатор на Организацијата на Обединетите нации во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак, потенцирано е дека со потпишувањето на новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, утврдени се приоритетните области за поддршка на нашата земја од агенциите на ОН, во која земјоделството, шумарството и водостопанството се едни од клучните сектори. Г-ѓа Дуџак го инфомираше министерот Хоџа за подготовките во пресрет на Светскиот самит за храна што ќе се одржи во ноември годинава, на кој централна тема се земјоделските системи и нивното усогласување со Целите на одржлив развој. Нашата држава ќе биде дел од овој глобален процес во рамки на Агендата 2030.

Земјоделските системи се основата на сите цели за одржлив развој, затоа мерките кои треба да се преземат ќе вклучат широк опсег на консултации и дијалог на повеќе нивоа во државата, вклучувајќи го и приватниот сектор, производителите на храна, невладиниот сектор, науката и образованието. Целта е да се развијат одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина, а намалување на степенот на сиромаштија е крајната цел од овие активности.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно ќе се вклучи во подготовките за Свесткиот самит за храна и со поддршката што ќе биде обезбедена од Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, ќе биде фокусирано на откривање на слабостите во системите за храна, со цел да се спроведат конкретни промени во системот на производство на храна – од фарма до трпеза.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:КОЏАООН
Претходен напис (ВИДЕО) Зошто Швајцарците закопуваат памучна бела долна облека во своите ниви и градини?
Следен напис Втора ларвицидна дезинсекција во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?