Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Минусните температури не влијаеа врз овошните насади во Преспа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Минусните температури не влијаеа врз овошните насади во Преспа
Агровест

Минусните температури не влијаеа врз овошните насади во Преспа

Објавено 15/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ниските температури, снегот кој неодамна го зафати Преспанскиот регион и надморската височина на која се посадени јаболковите насади во Преспа овозможија доцна вегетација на овошките и минимално оштетување од утринскиот мраз.

Претседателот на здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“, Љубе Пампулевски информира дека во моментот овошките се во многу рана фаза на развој и утринските температури, кои деновиве достигнувале до минус шест степени целзиусови не ги оштетиле насадите.

-Во моментот овошките се во многу рана фаза на развој заради надморската висина во Преспа.

Овоштарниците во најголем дел се засадени на надморска височина од 860 до 960 метри, заради тоа имаме доцна вегетација и ниските температури, кои утрово беа до минус три степени, а вчера и завчера и до минус шест, речиси и да не ги оштетија јаболковите насади. Штета можеби има минимално, помалку од пет отсто, изјави Пампулевски за МИА. Пролетниот снег, кој на 21 март ја зафати Преспа, со снежна покривка до половина метар, според него, исто така, позитивно влијаел на овошните насади, но и на хидролошката состојба во регионот. Годинава, нагласи, се очекува доцно пролетно цветање на јаболката.

-Благодарение на ниските температури и пролетниот снег, овошките ги задржаа во рана фаза на развој. И дневните температури се ниски и овозможуваат да се задржи вегетацијата. Ќе имаме доцно пролетно цветање годинава, некаде на крај на април и почеток на мај. Во моментот уште нема ниту розева папка – појасни Пампулевски. Долгата есен, како што ја нарече, и задржувањето на лисјата на дрвјата до крајот на декември, како и високите температури во јануари и февруари, предизвикале загриженост кај овоштарите од прерано цутење и уништување на родот и од најмал мраз.

Овошките беа „вознемирени“ заради немањето ниски темератури зимава. Снегот ги стабилизира и „почувствуваа“ дека сега е време на мирување, фаза која ја задржа и вегетацијата за 30 дена. Доколку не паднеа температурите и не заврнеше снег, овошките досега ќе беа прецветани и мразот ќе го направеше своето, рече Пампулевски.

Овошките во Преспа погодени од пролетен мраз во 2017 година претрпеа оштетување поголемо од 90 отсто, а последици врз насадите предизвика и невремето со град кое го зафати регионот во 2019 година.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:преспа
Претходен напис Македонија избрана за златна дестинација за патување од страна на холандските туристи
Следен напис Министерот Хоџа ја потпиша резолуција за шумите во Европа, „Иднината што ја сакаме: шумите ни се потребни“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?