Лушпата од јајце може да се користи како ѓубриво во градинарството, овоштарството, за цвеќе и поради тоа не треба да ја фрлате. Лушпите од јајца содржат важен минерал калциум во големи количини, околу 90%, како и други минерали во помала количина.
Се смета за најдобар извор на калциум. Во едно кафено лажиче прав од лушпи од јајца, се наоѓа околу 1000 мг калциум. Овој природен извор на калциум е особено значаен за прихрана на органски одгледувани растенија, бидејќи тоа е органско ѓубриво.
Калциум во земјиштето?
Калциумот е значаен минерал во земјиштето. Се мие и се губи со голема количина дожд или растенијата кои се одгледуваат на таа површина го црпат од почвата. Кога земјиштето ќе стане сиромашно со калциум, тогаш тоа доведува до постепен пораст на киселоста на земјиштето.
Ако нема доволно калциум во земјиштето, одгледувањето на растенија веднаш ќе покаже некои промени. Растенијата побавно ќе растат, а кореновиот систем послабо ќе се развива. Тогаш е неопходно додавање на калциум во земјата.
Со тоа се намалува киселоста на земјиштето, се подобрува структурата на земјиштето, растенијата подобро ги впиваат важните состојки, се згоелмува отпорноста на суша и тоа ќе делува на зголемување на приносот.
Kако се добива ѓубриво од лушпи од јајца?
Лушпите од јајца како најголем извор на калциум се посакувани како ѓубриво. Зачуваните лушпи од јајца треба да се иситнат. За тоа најдобро се користи толчник и аван.
Иситнетите лушпи ставете ги во тегла, а преку нив налејте со јаболков оцет, да биде два прсти над лушпите. Теглата не треба да се затвора, туку да се прекрие со газа или крпа и да се зацврсти со ластиче. Оставете така три недели, а секој ден промешувајте.
Улогата на јаболковиот оцет
Јаболковиот оцет има своја улога. Лушпите од јајца содржат калциум карбонат, а во допир со киселина брзо се ослободува чист калциум, па затоа е корисен јаболковиот оцет. Така добиениот калциум растенијата подобро го преземаат.
