Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија контаминираната почва од кругот на ОХИС
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија контаминираната почва од кругот на ОХИС
Агровести

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија контаминираната почва од кругот на ОХИС

Објавено 14/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката ОХИС.

Од малата депонија до почетокот на наредната година до колку дозволат условите со пандемијата, би се отстраниле првите количини од 700 тони контаминирана почва.

Ова како што информира портпаролот на Владата Душко Арсовски го предвидува планот за ремедијација на локацијата во фабриката, кој започнува со денешното издавање дозволи од министерот за животна средина.

-Со издавањето на ова решение денеска од министерот за животна средина почнува имплементацијата практично на планот за ремедијација. Во постапката за издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на Министерството согласно Базелската конвенција, во Франција ќе се извезе линдан, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на делот од малата депонија да заврши до почетокот на наредната година доколку дозволат условите со пандемијата при што би се отстраниле првите количини, тоа се 700 тони контаминирана почва, изјави портпаролот Арсовски на новинарско прашање кога ќе започне процесот на отстранување на линданот од фабриката.

Арсовски и колегата Муамет Хоџа на денешната прес-конференција информираа дека Владата вчера на 65-тата седница го одобри планот за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на фабриката.

Ова решение, како што информираа од владината прес-служба, следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството за животна средина дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:линданОхис
Претходен напис Корона-експеримент во Грција – Холандски туристи пристигнаа на експерименталниот одмор на Родос
Следен напис Хоџа: Најостро ги демантирам изнесените навреди и лаги
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?