Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инсекти кои се употребуваат за човечка исхрана од аспект на безбедност на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инсекти кои се употребуваат за човечка исхрана од аспект на безбедност на храната
Агровести

Инсекти кои се употребуваат за човечка исхрана од аспект на безбедност на храната

Објавено 14/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако употребата на инсектите за исхрана на луѓето или ентомофагијата традиционално се практикува во различни земји со генерации и претставува заедничка диететска компонента на разни видови животни (птици, риби, цицачи), сепак одгледувањето на инсекти кои се користат за исхрана на луѓето и како храна за животни е релативно нова гранка. Производството на овој „мини добиток“ (mini-livestock) со себе носи неколку потенцијални придобивки и предизвици.

До неодамна инсектите кои се употребуваат за исхрана на луѓето најчесто се собираа од дивината, но интересот за одгледување на инсекти наменети за исхрана на луѓе и животни се зголемува. Можноста да се одгледуваат во мали, модуларни простори, го прави изводливо нивното одгледување во рурални, како и во урбани средини. Ниската количина на јаглерод што се емитува, како и помалата потрошувачка на вода поврзани со производството на инсекти споредено со други видови на добиток, го прави нивното одгледување привлечно од гледна точка на одржливост на животната средина.

Генерално, инсектите кои се употребуваат за исхрана на луѓето се добар извор на протеини, масни киселини, витамини и минерали, иако нутритивниот профил зависи од видот на инсектите. Исто така, инсектите можат да бидат нутритивно корисни и да претставуваат одржлив извор за производство на храна за животни. Овие фактори ги прават инсектите потенцијална можност за решавање на проблемите поврзани со храната поради зголемувањето на глобалното население без истовремено да и се наштети на животната средина.

Во таа насока, Организацијата за храна и земјоделство објави документ во кој се обезбедува преглед на различните проблеми со безбедноста на храната што можат да бидат поврзани со инсектите кои се употребуваат за исхрана на луѓето.

Публикацијата, пред се е наменета за експерти од областа на безбедност на храната, лица инволвирани во процесот на креирање политики, истражувачи, производители на инсекти, како и потрошувачи. Во публикацијата се дискутира за правните рамки што го регулираат производство, трговијата и потрошувачка на инсекти во различни региони.

Оваа публикација содржи и преглед на некои од поголемите предизвици, како што се прифаќање од страна на потрошувачите и зголемување на производството, прашања што индустријата треба да ги надмине итн.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Публикацијата може да се преземе на следниот линк:

http://www.fao.org/3/cb4094en/cb4094en.pdf

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инсектискакулци
Претходен напис Од петок повремен дожд, во понеделник обилни врнежи на повеќе места
Следен напис Корона-експеримент во Грција – Холандски туристи пристигнаа на експерименталниот одмор на Родос
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?