Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што треба да знаете за одгледување на пауни и на што да внимавате при купување на овие прекрасни птици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Што треба да знаете за одгледување на пауни и на што да внимавате при купување на овие прекрасни птици
Магазин

Што треба да знаете за одгледување на пауни и на што да внимавате при купување на овие прекрасни птици

Објавено 15/04/2021
Сподели
11 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пауните се род птици, кои вклучуваат различни видови: индиски син паун, „Pavo cristatus“ („света птица“ од Азија) и неговите мутации Црн паун летач, „Pavo cristatus mut. Нигрипенис“. Со доместификација (припитомување од страна на човекот, се создадоа бели пауни и варијации на белиот паун).

Индискиот паун има живеалиште на индискиот потконтинент. Мажјакот паун е национална птица во Индија. Тоа е монотипична птица (без подвидови). Синиот паун е најраспространет и тој произведува различни варијации на бои кај различни одгледувачи.

Зелениот паун, „Pavo muticus muticus“ исто така се нарекува нем паун. Зелениот паун живее во Азија, Бурма и на индонезискиот остров Јава. Зелениот или нем паун се разликува по своите животни навики од индискиот вид. Не е раширен како украсна птица. Причината лежи во фактот дека е тешко да се издржи студената зима и во заробеништво го манифестира својот воинствен темперамент. Поголем е од синиот паун. Зелениот, нем паун и црниот паун може да се мешаат.

Мажјаците кои живеат во дивина обично имаат 2-5 женки. Мажјаците и женките се разликуваат по изглед. Машките пауни имаат видлива, екстремно долга опашка со мноштво пердуви подолги и повеќе од 3 метри, од разни бои. На пердувите имаат обрасци на обоени кругови, карактеристични за подвидот на кој припаѓаат. Обоените кругови започнуваат од средината на опашката, но кога паунот ќе ја рашири опашката, круговите ги покриваат долните пердуви и формираат прекрасна слика.

Мажјаците можат да бидат со должина од врвот на клунот до крајот на опашката 2 м или повеќе. Главната цел на убавите кругови на опашката на паунот е да повикаат на парење и да привлечат женки.

Паунот ја шири опашката и покажува неверојатни кругови на бои што се рефлектираат на сонцето: сина, зелена, виолетова, црвена и жолта. Бојата се менува во зависност од сонцето и правецот на светлината и аголот под кој се забележува. Љубовниот повик на мажјаците се карактеризира со звук на висока фреквенција и отворање на опашката со прекрасни пердуви.

Женката е обично со кафеави или сиви перја и е долга околу 86 см. Парењето трае сè до времето кога женката почнува да несе јајца.

Пауните се многу социјални животни. Ако купувате паун, задолжително набавете пар, бидејќи во спротивно ќе бидат многу несреќни. Ако набавите еден паун, тој ќе лета наоколу во потрага по партнер. Ако едниот умре, другиот е несреќен и бара друштво, лета наоколу и е немирен. Пауните сакаат да живеат во заедница и да бидат блиску еден до друг.

Сместување на пауните

Пауните сакаат да бидат на високо, па затоа треба да се стават две шипки со приближна висина. Тие сакаат да излегуваат од куќарката, но има проблем кога сакаат да се вратат внатре. Потребен им е простор за да се свртат и да не ги оштетат убавите пердуви на опашката, а вратата на живеалиштето мора да биде доволно широка. Во куќарката се препорачува да додадете барем уште една шипка, за птиците да можат да се движат од една во друга положба. Важно е куќарката да биде сува, не премногу студена во зима, без големи прозорци и чиста. Кога надворешната температура паѓа под -10 ⁰C во зима, потребно е да се загрее куќарката. Ако е топло, возрасните пауни остануваат надвор навечер. Младите треба сами да ги носите во куќарката, сè додека не добијат навика да се вратат внатре сами во текот на ноќта. Кога влегуваат во куќарката, им се допаѓа ако светлото е запалено.

Грижа за пауните

Младите пауни се чувствителни, не смеат да се навлажнат и не смеат да излегуваат кога има роса. Ако младите пауни накиснат до третиот месец од животот, угинуваат! Основните две работи што им се потребни на пауните се многу простор и многу толеранција. Зошто?

Паунот се чува првенствено заради неговиот прекрасен изглед, тој е украс на тревниците, градините, дворовите. Мора да имаат убава, долга опашка и да се истакнуваат. Недостатокот на простор им штети на пердувите и целокупниот впечаток е лош. Затоа, чувајте пауни само ако имате убав, голем простор за прошетка на паунот и на места каде што нивното шетање и постојаната љубопитност нема да ги иритираат соседите.

Тие се постојано љубопитни, летаат до највисокото дрво и ја набљудуваат околината. Можат да летаат од љубопитност до покривот на автомобилот на соседот и ненамерно да го изгребат или на терасата на соседот и да јадат се што ќе остави на масата.

Ако во близина има пруга, кога ќе помине воз, тие ќе го пречекаат со пискав извик. Пауните имаат голем радиус на движење и тешко е да останат на едно место затоа што се добри летачи. Ја имаат целата област под контрола, поголемиот дел од денот седат на високо место во областа каде што живеат и набљудуваат, па летаат на друго место и прават врева.

Апсолутниот минимум на простор за чување е околу 1000 квадратни метри за еден пар. Проблеми се јавуваат ако пауните се наоѓаат на помала област. Во природата, тие живеат како диви птици на посветли места во џунглата.

Хранење

На паунот не му треба посебна храна. Во природата, тие се хранат со растителни семиња (зрна) и разни плодови, црви и инсекти, а во Индија со мали змии, кобри. Тие мора да имаат извор на вода во близина, каде што одат да пијат вода рано наутро. Во време на најголема дневна сончева топлина, тие се повлекуваат во длабока сенка. Нивниот вид и слух се многу развиени, па бурно реагираат на опасност. Предупредувачки звук често може да се слушне ноќе, кога пауните спијат некаде високо во дрвјата.

Се хранат со храна што ја користи и другата живина. Се што наоѓаат во природата им е добро: ситни инсекти, црви, бобинки, остатоци од овошје и зеленчук, остатоци од кујната.

Свежа, чиста вода секогаш мора да биде достапна! Ако купувате паун, купувајте храна од продавач на храна за првите недели на хранење. Птиците ќе ви бидат благодарни што покрај сместувањето не ја менувате нивната храна. Ова ќе го олесни прилагодувањето во новиот дом. Постепено додавајте ја новата купена храна, внимавајќи да не добиете контраефект.

Купување на пауни

Се препорачува да купите пар, а не индивидуа, бидејќи пауните се социјални птици и не сакаат да бидат сами. Купете парови кои се доволно стари, по можност најмалку една година, бидејќи тогаш тие се помалку подложни на болести и услови за домување и хранење. Бидете внимателни да не купувате сестри и браќа по крв. Погледнете во кои услови се чуваат животните, пауните се скапи птици ако ве интересира да купите здрав и убав пар паун. Проверете ги документите дали животните ги имаат, за да не купувате пауни во иста крв и да не пренесуваат негативни карактеристики и болести на потомството. Треба да се провери живеалиштето кај продавачот, излезот, да се провери чистотата на живеалиштето, да се набљудува другата живина во фармата, како се однесуваат, да се праша дали биле третирани и ако е така, со какви препарати?

Здравје

Што задолжително да проверите при купување пауни:

Состојба на очите – Делумно затворени или затворени очи се знак на болест.

Дишењето не смее да се слуша; отежнато дишење, тешко дишење, силно дишење, запушени ноздри сигнализираат болни состојби на респираторниот систем.

Напипајте ја клоаката (задниот дел каде што излегуваат јајцата и изметот).

Погледнете ја чистотата на пауните.

Проверете го одењето – рамно одење е знак на здравје, занесување при одењето и одење накриво може да биде знак на надмината траума или инфекција.

Прегледајте ја бојата на пердувите. Одгледувачите честопати кажуваат (поради високата цена), дека паунот е чистокрвен, па затоа бојата на пердувите и големината на круговите на пердувите е добар показател за одредување на видовите или подвидовите.

Погледнете го живеалиштето, распоредот на решетките на кои стојат и спијат, чистотата, влажноста, леглото, влез / излез, големината на вратата.

Врз основа на контролниот прстен, утврдете ја возраста на паунот, датумите на вакцинација, кога, со кои вакцини.

Дали биле лекувани, датум, со што, против кои болести или паразити.

Дали е извршено прочистување од цревни паразити.

Со што се хранеле.

Каков апетит имаат.

Транспорт на пауните

Ако планирате да возете паун во транспортна кутија, проверете дали димензиите на кутијата или кафезот се доволно големи за птицата да се смести внатре и да не ги оштети прекрасните пердуви. Бидејќи тешко е да се добие таква кутија или кафез, се препорачува да се возат птиците со комбе до целта. Ако птиците се мали, картонска кутија со прозорци за воздух е исто така добра. Кафезот мора да се исчисти и дезинфицира, и да се избрише со чиста крпа. Кога се возат, птиците не мора да имаат премногу простор, најдобро е да седат на едно место. Ако имаат премногу простор и стојат на нозе, тие честопати се повредуваат. За време на подолг транспорт, треба да се внимава на птиците да имаат доволно воздух, особено во лето поради топлото време. Ако транспортот одзема многу време, на секое застанување на возилото, понудете им на птиците свежа вода.

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:пауниразмножување
Претходен напис Зголемени водостоите на Охридското и Дојранското Езеро
Следен напис (Фото) Од производи со ознака за Географско потекло прават специјалитети од лук по семеен рецепт
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?