Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со пауловнија, бела топола и јасен во борба против аерозагадувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Со пауловнија, бела топола и јасен во борба против аерозагадувањето
Растително производство

Со пауловнија, бела топола и јасен во борба против аерозагадувањето

Објавено 09/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последниве години, една од главните теми и кај нас и во светот е загадувањето на воздухот, особено во гратските и урбаните средини. Како едно од најефикасните решенија, научниците и активистите за животна средина посочуваат на садење дрвја, природни и моќни прочистувачи на воздухот. Дрвјата играат значајна улога во апсорпцијата на јаглерод диоксид и во ублажувањето на штетните ефекти на стаклената градина. Ако имате простор во вашиот двор и не сте засадиле дрво на есен, можете да го сторите тоа сега.

Некои видови дрвја се издвојуваат по својата способност за поефикасно чистење на воздухот. Предлагаме три што можете да ги засадите во вашиот двор.

Пауловнија

Оваа дрво дури неодамна стана популарно во нашата земја, а во Кина се одгледувало уште пред 3.000 години.

Предноста на пауловнијата е тоа што не е „пребирлива“ кога станува збор за квалитетот на почвата, потребно е само да се избегне премногу мочуришна почва, односно онаа во која има подолго задржување на водата по врнежите. Брзо се прилагодува на условите на животната средина и покажува голема отпорност на суша, болести и гниење.

Успева на надморска височина до 1.000 метри. Кога ќе ја садите, најдобро е да ја иситните почвата пред да ги вметнете садниците.

Пауловнијата се смета за најбрзо растечко дрво, кое расте за околу 20 метри во висина за 8-10 години. Тајната на големата брзина на нејзиниот раст лежи во огромната лисна маса, и токму во тоа се крие голема ефикасност во прочистувањето на воздухот. Имено, благодарение на таквата лисна маса, таа претвора големи количини јаглероден диоксид во вода и растителни шеќери.

Не треба да се занемари ниту корисноста на ова дрво во прочистување на земјиштето. Неговиот корен, кој е исклучително длабок, апсорбира тешки метали од почвата, а ова растение е исто така погодно за одбрана од ерозија.

Има прекрасни цвтови и е едно од многу квалитетните растенија за мед. Медот е со посветла боја и има поголема густина од медот од багрем.

Бела топола

Листопадното дрво кое е исто така брзорастечко дрво. Белата топола достигнува висина до 35 метри.

Цвета во март и април, пред да се појават лисјата. Карактеристична е токму поради лисјата, кои се двобојни: лицето има темно зелена нијанса, а другата страна е сребрена. Крошната е најчесто округла, а кората на дрвото е мазна и бела.

Главно ја има покрај бреговите на реките.

Јасен

Уште едно дрво за кое се смета дека расте брзо е јасенот. Она што го прави јасенот најефикасен во борбата против загадувањето на воздухот е можноста за негово засадување и преживување во урбаните области. Коренот на ова дрво не е агресивен и лесно се прифаќа.

Јасенот е листопадно хипоалергично дрво кое достигнува висина до 40 метри. Ова дрво има и исклучително големи литови кои се долги помеѓу 20 и 35 сантиметри.

Белиот јасен е многу лековит, неговиот лист се користи за симптоми на болести на мочниот меур, бубрезите и желудникот, а од листовите се прави лековит чај.

Кората на ова дрво уште во минатото се користела за регулирање на работата на цревата, зајакнување на телото, артритис и лекување на треска.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:аерозагадувањевоздухдрва
Претходен напис Намален водостојот на Охридското Езеро
Следен напис Светските цени на храната се зголемуваат десет месеци по ред
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?