Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кората од портокал е природен извор на минерали и витамини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кората од портокал е природен извор на минерали и витамини
Магазин

Кората од портокал е природен извор на минерали и витамини

Објавено 08/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Портокалот е цитрусен плод што има вкусни, слатко-киселкасти плодови богати со витамин Ц. Најчесто ја јадете средината, а кората ја фрлате без притоа да знаете дека и таа е корисна.

Кората од портокал е ценета поради високиот процент на минерали, витамини, стероли и вода. Во неа има многу железо, калиум, магнезиум, натриум, селен, фосфор, цинк, витамини А, Б1, Б2, Б5, Б6 и многу други елементи што ја прават повеќе од обичен плодов нус-производ.

За слатко и чај

Кората од портокал има пријатна арома, која освежува и го подобрува расположението. Пред да ја употребите за исхрана, треба да ја накиснете во вода околу 24 часа, а тоа ќе помогне да се исфрлат сите хемиски состојки што влегуваат во неа при обработка на портокалите. Како извор на микроелементи кои се добри за здрав живот, кората од портокал може да се користи на различни начини кои се лесни за подготовка, а добиените производи се вкусни за консумација.

Одлична идеја е да подготвите домашно слатко од кора од портокал, кое е многу вкусно, ароматично и пријатно. При варење слатко, тоа станува малку желирано и има фина конзистенција, а за да се направи потребни ви се портокали, вода, шеќер и лимонтуз.

Сушените кори од портокал се совршен додаток во разни чаеви. Не само што му ја подобруваат аромата, туку го прават и поздрав пијалак.

Исушените и тенко рендани корички од портокал се вкусен додаток во разни видови јадења, особено во сосови што се служат со месо. Аромата од портокал совршено се комбинира со пилешко месо.

Исто така, можете да ја искористите кората од портокал за подготовка на разни освежителни сирупи. За таа цел тенко лупената кора од портокал од вечер се става да стои во вода. Следниот ден исцедете ја и искористете ја само водата во која ќе додадете шеќер и ќе ја варите додека се растопи шеќерот и се згусне течноста како сируп. Чувајте ја во ладилник.

За чистење на домот

Кората од портокал може да се користи и за други намени, како, на пример, освежување на домот во кој живеете. Етеричните масла што ги содржи, го освежуваат воздухот и се ефикасни во борбата со непријатните мириси.

Може да се користи и како природен препарат за чистење. Особено е поволно за луѓе што не можат или не сакаат да користат хемиски средства за чистење на домот. Во комбинација со сол и оцет, кората од портокал е универзално средство за чистење маснотии од разни површини.

За разубавување

За здрави и сјајни нокти можете да втриете парче кора од портокал на ноктите. Мастите од кората ќе им дадат блескав и убав изглед на ноктите. Подгответе си ароматична купка од топла вода во која ќе додадете неколку парчиња кора од портокал. Таа ќе ве релаксира и смири. За убава кожа на лицето можете нежно да втриете парче кора од портокал, која ќе ги испушти своите ароматични масла и ќе ѝ даде сјај на кожата.

Кората помага и при лош здив, само изџвакајте мало парченце неколку минути и проблемот моментално е решен. За белеење на забите протријте кора од портокал на нив.

Докажано помага при мамурлак и смирувачко дејство при главоболки, дури и мигренозни. Придобивките од кората од портокал се многукратни, така што не треба лесно да ја занемарите, пишува Слободен печат.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:коракора од портокал
Претходен напис ГОИЕ: Одлуките за изградба на мали електрани да се базираат на балансирање меѓу екологијата и потребниот развој
Следен напис Бесими: Компаниите имаат можност до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?