Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола информира дека од денеска почнуваат со работа дисперзираните канцеларии на МЗШВ во општините Новаци и Могила.
Во канцелариите ќе работат стручни лица кои се вработени во МЗШВ, подрачна единица-Битола и кои ќе овозможуваат агро-услуги и совети само за земјоделци кои по лична карта се со адреса на живеење во пелагониските општини Новаци и Могила.
-Отворен е системот за поднесувања на барања за финансиска помош во земјоделството. Поднесувањата се вршат електронски на страната на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој. Како минатите години, така и оваа година отворени се дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила, додека пак земјоделците кои се со место на живеење во Битола ќе се обраќаат во ПЕ Битола. Пријавувањето на субвенции трае до 31 мај – информираат од подрачната единица на МЗШВ во Битола
