Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Кога сме кај тиквите…Одгледајте гигантски тикви со помош на модерната технологија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > (ВИДЕО) Кога сме кај тиквите…Одгледајте гигантски тикви со помош на модерната технологија
Агровест

(ВИДЕО) Кога сме кај тиквите…Одгледајте гигантски тикви со помош на модерната технологија

Објавено 29/10/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќето шампиони одгледувачи на гигантски тикви имаат свои методи и тајни за производство и така победуваат на натпреварите.
Најаважно од се за да се одгледа ваква гигантска тиква е да се одбере вистинскиот вид на семе.

Најчесто производителите се одлучуваат за семе од сопственото пороизводство или некое друго веќе проверено.
Треба да се знае дека на тиквата и треба многу сонце. Затоа се избира најсончевото место што го имате. Запомнете дека тиквите се чувствителни и ќе им треба засолниште од ветер и мраз. Обидете се да ги заштитите тиквите од временските неприлики така што ќе ги покриете за време на поројните дождови или ќе поставите некаков вид бариера за да ги заштитите ластарите од високи ветрови или користите шатори за сенка за време на најжешките денови на летото.

Тиквата сака многу вода, но не засадувајте тикви во влажна или густа почва. Ним им е потребна добро исцедена почва. Подгответе ја почвата во рана пролет, веднаш штом земјата е топла.
Поради опасност од мраз кон крајот на април или почетокот на мај, семето од тиква најнапред добро се подготвува и се засадува во затворено ( одгледувачите прават и сопствени инкубатори за таа цел) За прихрана на ваквиот расад се користат разни видови препарати па дури и алги.
Кога расадот ќе се извади на отворено на веќе припременото место каде што тиквите ќе растат заштите ги во првите неколку недели со рамки покриени со најлони.
Исто така производителите на ваквите гигантски тикви прават и селекција на цветовите при оплодувањето. Потребна ви е голема лоза за да произведете голема тиква, така што во извесна смисла ја избирате лозата пред тиквата и одберете доволно силен женски цвет.

Со ваквиот начин на одгледување на гигантски тикви до средината на август растенијата растат со голема брзина. Ноќта е време е кога тиквите растат, и тоа околу 5 сантиметри во обем секоја вечер.

https://www.youtube.com/watch?v=d14_rzkHVmQ

Може да ви се допадне

Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:големинатпревародгледувањесемкитикви
Претходен напис (ВИДЕО) Како се одгледуваат телиња со најнова технологија во фармите
Следен напис Козарството може да биде доходовен бизнис: Алпските кози даваат и по 900 литри млеко годишно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?