Зимското мирување заврши и природата почнува да се буди.
Со првиот пораст на температурата и виновата лоза се буди и го започнува првиот стадиум на развој.
За почеток на оваа фаза важни се температурата на воздухот и температурата на земјиштето.

Кога температурата на почвата на длабочина од 20-30 см ќе достигне 7 до 10°C, почнува активноста на коренот, кој ја зема водата од почвата за да ја надомести зимската загуба на водата во сите органи на растението.
На лозите за правилен почеток на солзењето, познато и како плачење, им треба средна дневна температура на воздухот, која мора да биде 8-10°C, всушност потребен е збир од позитивни дневни температури.
На резот на виновата лоза во првата фенофаза на солзење видливо е капење на вода во форма на мали капки.

Тоа се сокови кои немаат хранливи ниту минерални состојки во себе, лозата не губи на хранливост со истекување на водата.
Во оваа фаза се завршува со резидбата на виновата лоза. Со резидбата се обидуваме да го регулираме родот и квалитетот на плодовите.
Во лозјето во текот на оваа фаза се извршуваат и одредени работи како изнесување на прачките, симнување на старата кора, поправка на потпорите, врзување на стеблата и ластарите, ѓубрење. Сите овие работи треба да се завршат до почеток на појава на пупки и развојот на ластарите.
Кога оваа фенофаза ќе се заврши, лозата се зајакнува до втората фаза на појава на пупки, продолжува со цветањето, па растот на зрната, сè до созревање на грозјето, а завршува со подготовка за зима и зимски одмор.

