Меѓународниот празник на шегата и смеата беше одбележан во ЈП Лајка.
„Нашите колеги Африка, Цунами, Кате, Мoни и Бони позираа во најразлични костими. Кучињата несомнено уживаа во оваа првоаприлска приказна исполнета со забава и смеа. Сите овие прекрасни крзнени пријателчиња сè уште го бараат својот дом. За апликација за вдомување пишете на [email protected].“, пишува на фејсбук-профилот на Лајка покрај фотографиите на маскираните кучиња.











