Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светската банка прогнозира раст на македонската економија од 3,6 отсто оваа и 3,5 проценти следната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светската банка прогнозира раст на македонската економија од 3,6 отсто оваа и 3,5 проценти следната година
Агровести

Светската банка прогнозира раст на македонската економија од 3,6 отсто оваа и 3,5 проценти следната година

Објавено 01/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија за годинава од 3,6 отсто и за наредната од 3,5 проценти.

Од земјите во регионот најголем раст за оваа година е предвиден во Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од пет, Албанија 4,4, Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 проценти.

За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5 отсто, во Србија и Албанија по 3,7 и по 3,5 проценти за Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Светската банка посочува дека на стартот на 2021 година економиите на Западен Балкан се едни од најтешко погодените од коронавирусот во Европа и Централна Азија, со најголем број на случаи на новозаболени во еден ден, со што далеку го надминуваат просек на европско-ценралноазискиот регион.

Банката додава и дека Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се меѓу 10-те земји во развој со најголем број смртни случаи од Ковид-19 по глава на жител, што дополнително ги оптоварува здравствените системи.

– За повеќето економии од Западниот Балкан не се очекува масовната вакцинација да започне пред вториот квартал од 2021 година, што е побавно отколку што првично се очекуваше, бидејќи овие земји чекаат испорака на вакцини преку КОВАКС механизмот на Светската здравствена организација, се наведува во Извештајот, при што се додава дека доставата на вакцините е одолговлечена поради доцнење во производството и дистрибуцијата.

Според Светската банка, просечниот раст на економиите од Западен Балкан во 2021 се очекува да биде на ниво од 4,4 проценти, а догодина да се сведе на 3,7 отсто, под претпоставка дека ќе дојде до обнова на потрошувачката и бизнис довербата, дека состојбата со пандемијата со Ковид-19 ќе биде ставена под контрола и дека ќе се намали политичката нестабилност.

– Економиите зависни од туризмот, особено Албанија и Црна Гора, ќе продолжат да се соочуваат со ограничувањата за меѓународните патувања. Зголемувањето на фискалните обврски го намали просторот за фискална поддршка и придонесе за макроекономски дисбаланс. Во исто време, државните буџети дополнително ќе бидат отоварени со дополнителни трошоци неопходни за надминување на штетните економски ефекти од пандемијата на Ковид-19, се оценува во извештајот.

Банката проценува дека поволни услови за економскиот раст на среден рок и за зголемување на продуктивноста во Албанија и Северна Македонија ќе имаат забрзувањето на структурните реформи како дел од подготовката за членство во ЕУ, под претпоставка дека стартот на преговорите нема да биде одложен.

– Се очекува и регионот да имаат корист од неодамна усвоениот Економски и инвестициски план на ЕУ, кој ќе мобилизира средства за поддршка на одржливата поврзаност, човечкиот капитал, конкурентноста, инклузивниот раст и зелената и дигитална транзиција, се додава во Извештајот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:економија
Претходен напис Вегетацијата забави, но сè уште треба да се внимава поради мразот
Следен напис Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?