Денес, преку online комуникација, извршниот директор на СН Осигурителен брокер АД Битола, М-р Христо Кондовски одржа предавање и презентација пред 260 студенти на Економскиот факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на насоката Менаџмент во осигурување, предмет Осигурување предводен од проф. Игор Ивановски, на теми:
– Презентација на СН Групација и СН Осигурителен брокер АД Битола
– Посредници во осигурувањето
– Развој на пазарот за осигурување во Македонија.
Предавањето беше со цел да им се помогне на студентите да се доближат до концептот на функционирање на осигурувањето.

