Дирекцијата за безбедносна контрола во земјоделството денеска соопшти дека Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против ковид-19 за животни.
„Првата вакцина против коронавирус за животни е регистрирана во Русија“, изјави заменик-директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија, Константин Савенков, најавувајќи дека нејзиното масовно производство може да почне веќе во април.
Вакцината за животни „Карнивак-Сов“ е развиена од Роселхознадзор. Во клиничките испитувања, што почнаа во октомври минатата година, биле вклучени кучиња, мачки, арктички лисици, нутрии, лисици и други животни.
„Резултатите од тестирањата ни овозможуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна и обезбедува висока заштита затоа што сите вакцинирани животни развиле антитела на ковид-19 во 100 проценти од случаите“, изјави заменик-директорот на Роселхознадзор Константин Савенков.
Савенков додаде дека имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето.
Русија веќе има три вакцини против ковид-19 за луѓе, од кои најпозната е Спутник В. Москва, исто така, итно одобри уште две вакцини, ЕпиВакКорона и КовиВак.
