Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од 130.000 грла добиток, чај, француски даб, 110 контејнери со мебел од „Икеа“… Што сè беше заглавено во Суецкиот канал?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повеќе од 130.000 грла добиток, чај, француски даб, 110 контејнери со мебел од „Икеа“… Што сè беше заглавено во Суецкиот канал?
Агровести

Повеќе од 130.000 грла добиток, чај, француски даб, 110 контејнери со мебел од „Икеа“… Што сè беше заглавено во Суецкиот канал?

Објавено 29/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утрово меѓународните спасувачки тимови успејаа делумно да го ослободат бродот „Евер Гивен“, кој се заглави во Суецкиот канал на 23 март, при што беа блокирани повеќе од 360 пловни објекти. Но инженерите предупредуваат дека блокадата сè уште не е целосно отстранета, пишува Гардијан.

Индустриските експерти проценуваат дека вкупната вредност на стоките што беа заробени е меѓу три и 9,6 милијарди долари.

Меѓу другото, преку Суецкиот канал се транспортираат 1,74 милиони барели нафта секој ден, а во областа околу каналот има околу 100 бродови натоварени со нафта или нафтени деривати.

На 11 бродови од Романија биле заробени околу 130.000 грла животни. Заедно со нив, австралиската невладина организација „Анималс интернешнл“ идентификуваше уште девет бродови кои превезуваат животни, пренесува „Гардијан“.

Египет испрати сточна храна и три тима ветеринари да го прегледаат добитокот.

Иако животните на бродот не се наоѓаат во непосредна опасност, сепак, застојот, кој трае скоро една недела, го зголемува ризикот животните да останат без доволно храна и вода. Постои и големо количество отпад што нема каде да се отстрани, а тоа го зголемува ризикот од болести.

Компаниите кои превезуваат добиток по море, испловуваат со дополнително сено и друга храна за најмалку два или три дена и ако не можат да стигнат на време до пристаништето, постои постапка позната како „среднорочно товарење“, но е неизводлива сè додека бродовите се наоѓаат во каналот.

Се претпоставува дека шведскиот гигант за мебел и производи за домаќинство, „Икеа“, има 110 контејнери на „Евер Гивен“ и на други бродови кои уште се наоѓаат во каналот.

„Блокадата на Суецкиот Канал дополнително ја ограничи веќе и така нестабилната состојба со глобалните синџири за снабдување предизвикана од пандемијата“, рече портпаролот на „Икеа“.

Групацијата Ван Рис, со седиште во Ротердам, соопшти дека 80 контејнери со чај се заробени на море на 15 пловни објекти и изјавија дека може да настане „хаос“ за компанијата како што се намалуваат залихите.

Дејв Хинтон, сопственик на компанија за производство на дрва во северо-западна Англија, вели дека имал пратка француски даб заглавен на брод во каналот.

Дабот бил испратен од Франција за преработка во Кина и бил на пат да се врати кај клиент во Велика Британија, вели Хинтон.

– Разговарав со мојот клиент и му ја соопштив лошата вест дека неговата стока е блокирана во Суецкиот канал. Тој не ми веруваше, мислеше дека одолговлекувам со испораката“, изјави тој за радио Би-Би-Си во петокот.

Некои бродски компании ги пренасочија своите бродови на подолго патување околу јужноафриканскиот ‘Рт на Добра надеж, но времето на патувањето е продолжено за најмалку седум дена.

Дури и кога „Ever Given“ конечно ќе биде преместен, ќе минат три до шест дена додека бродовите што чекаат поминат низ каналот.

Според Lloyd’s List, до 90% од засегнатиот товар не бил осигуран од одложувања.

(Видео): Суецкиот канал е повторно прооден, заглавениот брод почна да се движи

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:евергивенсуецки канал
Претходен напис Бектеши: Објавени три јавни повици за субвенции за микро и мали компании, жени претприемачи и занаетчии, средствата ќе се делат според развиеност плански региони
Следен напис (Фото) Еколошка акција во Велес – Собрани 22 вреќи од по 250 литри отпад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?