FRUITLAND заедно со ЖИТО МАРКЕТИ се залагаме и застапуваме за здравата исхрана, па така со гордост можеме да понудиме голем избор на свеж зеленчук и овошје од квалитетно и проверено потекло.
Секојдневно со повеќе од 40 производи во асортиманот (дел од нив сезонски), во пиљарите на FRUIT LAND во склоп на ЖИТО МАРКЕТИ имате на избор овошје и зеленчук од реномирани странски производители од најголемите региони низ светот, но и домашни и локални земјоделски фарми.
Секогаш свежи производи кои ќе ги пронајдете во нашите пиљари во ЖИТО Маркети во кои секојдневно се врши достава независно од сезоната се: јаболка, моркови, цвекло, домати, зелка, компир, кромид, банана, лимон, портокал и краставица и уште многу други сезонски производи.
Во чекор со светските стандардите за квалитетот на органските производи, секојдневно тимот на FRUIT LAND чесно и домаќински ја заработува и заслужува вашата доверба. FRUIT LAND станува синоним за свежина и квалитет на овошје и зеленчук, а одличната цена достапна за сите е само уште еден предизвик плус во нашата визија.
Секоја недела, дел од производите од пиљарите на FRUIT LAND се на акција и можете да ги набавите со супер попуст и акциска цена. Проверувајте го редовно неделниот леток ,нашата фб страна како и фб страната на Жито Маркети!

