Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 58-та седница на Владата: Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк оди на усвојување во Собранието; Одобрена втората фаза од Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” вредна 6 милиони швајцарски франци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 58-та седница на Владата: Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк оди на усвојување во Собранието; Одобрена втората фаза од Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” вредна 6 милиони швајцарски франци
Агровести

Од 58-та седница на Владата: Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк оди на усвојување во Собранието; Одобрена втората фаза од Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” вредна 6 милиони швајцарски франци

Објавено 26/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Северна Македонија на 58-та седница што се одржа вечерва ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на реализација на економски мерки за справување со КОВИД-19, која ќе биде доставена во Европската Комисија во прилог на одобрување на втората транша од 80 милиони евра за буџетска поддршка на мерките на Владата за справување со економските последици од ковид кризата.

Согласно анализата врз основа на која е направена оваа информација одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата беше брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население и имаше значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти.

Во делот на платите, просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, забележа раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се: зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година. Мерката за финансиска помош на работодавците погодени од здравствената криза за исплата на плата влијаеше врз ублажување на надолниот тренд на раст на платите во текот на пандемијата. Според оваа информација, платите најмногу пораснаа во следните дејности: информации и комуникации, образование, здравство и социјална заштита, трговија, преработувачка индустрија и градежништво.

Владата го утврди конечниот текст на Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието.

Како што веќе беше објавено, основната цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес.

Министрите во Владата на оваа седница ја усвоија и Информацијата за имплементација на втора фаза на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” кој ќе се спроведува со поддршка на Владата на Швајцарската конфедерација, и го задолжија Министерството за локална самоуправа да предвиди средствата за кофинансирање на оваа фаза од својот буџет кои во наредните три години, од 2022 до 2024 година е предвидено да бидат во висина од 2 милиони швајцарски франци како дополнување на 4-те милиони швајцарски франци за кои Амбасадата на Швајцарија во нашата земја испрати писмо на намери, наменети за реализација на втората фаза од овој проект.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:владаодржлив развојседница
Претходен напис Како да ги одгледувате краставиците за да не бидат горчливи?
Следен напис FRUIT LAND станува синоним за свежина и квалитет на овошје и зеленчук
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?