Министерот за земјоделие, Арјанит Хоџа, се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш.
„Денеска, остварив средба со амбасадорот на Република Словачка во Македонија, неговата екселенција Хенрик Маркуш. На средбата констатиравме дека постои позитивна клима во земјава за напредок.
Соработката помеѓу нашите држави ќе се интевизира, со акцент на пласманот на земјоделските производи и зголемување на билатералната трговска размена.
Амбасадорот ме покани да учествувам на виртуелната министерска конференција „Forest Europe“, која ќе се одржи на 14 и 15 април оваа година. Темата на министерската конференција е адаптација на шумите кон климатските промени и правилно управување со шумите, со цел нивна одржливост и збогатување на шумскиот фонд.
Словачкиот амбасадор Маркуш, повторно ја искажа подготвеноста на Република Словачка да продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон евроинтеграцијата, како дел од европското семејство.“



