Запрен е водениот сообраќај на една од најпрометните трговски рути на светот откако огромен товарен брод го блокирал Суецкиот канал заглавувајќи се под налет на силниот ветар.
Станува збор за тајвански брод долг 400 метри и широк 59 метри, кој се заглавил оневозможувајќи им на другите бродови да поминуваат низ каналот, пренесе „Би-Би-Си“.
Според страницата која го следи за движење на бродовите бродот бил на пад за Ротердам
Надлежните соопштиле дека прават се за да му се помогне на бројот што е можно поскоро да го продолжи патот, но се стравува дека блокадата на каналот би можела да потрае со денови. Агенцијата Блумберг јави дека по инцидентот повеќе од 100 бродови чекаат да поминат преку каналот.
Суецкиот канал ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и прави најкратка морска врска меѓу Азија и Европа.
Инцидентот се случил северно од пристаништето Суец.
https://www.instagram.com/p/CMxEKHanW62/?utm_source=ig_web_copy_link
