Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за заклани бројлери и заклани амортизирани несилки во регистрирани кланични капацитети, како и еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за заклани бројлери и заклани амортизирани несилки во регистрирани кланични капацитети, како и еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за заклани бројлери и заклани амортизирани несилки во регистрирани кланични капацитети, како и еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња

Објавено 24/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници,  објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме мерките 2.14, 2.15 и 2.16 кои се донесуваат на директните плаќања во сточарството поточно за заклани бројлер и заклани амортизирани несилки во регистрирани кланични капацитети, како и еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња.

Мерка 2.14: Директни плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;

-Висината на директните плаќања изнесува 40 денари по пиле.

Мерка 2.15: Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 01 октомври 2020 година до 30 септември 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;

-Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по несилка.

Мерка 2.16: Директни плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои произвеле за сопствени потреби или продале еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од мај 2020 година до април 2021 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по пиле за сопствени потреби.

-Висината на директните плаќања изнесува 10 денари за продадено пиле.

Крајниот рок за поднесување на барања за подмерката 2.15.Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети е според следните периоди:

  • до 16 мај 2021 година во период од 1 октомври 2020 година до 31 декември 2020 година,
  • до 15 јуни 2021 година во период од 1 јануари 2021 година до 31 април 2021 година,
  • до 5 ноември 2021 година во период од 1 мај 2021 година до 30 септември 2021 година.

      За подмерките 2.14.Директни плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и 2.16.Директни плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди крајниот рок за поднесување на барања е според следните периоди:

  • до 1 март 2021 година во период од 1 мај 2020 година до 31 декември 2020 година,
  • до 15 јуни 2021 година во период од 1 јануари 2021 година до 31 април 2021 година,
  • до 5 ноември 2021 година во период од 1 мај 2021 година до 30 септември 2021 година.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:бројлериживинанесилкисубвенции
Претходен напис Викендов почнува летното сметање на времето
Следен напис Дигитализација на земјоделството- Јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?