Кафето е егзотично растение кое можеме да го одгледуваме и дома. Иако на прв поглед можеби не изгледа така, одгледувањето не е тешко и придржувајќи се до неколку правила, можеме да добиеме сопствено кафе.
Дрвото кафе што може да се одгледува дома е од арапска сорта (cafa arabica). Потекнува од тропските региони на Африка, но тоа не значи дека одгледувањето дома ќе биде проблематично.
Дрво кафе – како изгледа?
Дрвото кафе во природно опкружување создава многу голема разгранета грмушка која може да достигне и над 6 метри височина. Кога ќе го купите стеблото кафе во саксија, веројатно ќе пронајдете мал грозд, зелени и густи листови кои многу брзо ќе го променат својот изглед и ќе станат „диви“. Домашното кафе може да достигне и до 2 метри височина.
Како да го одгледувате?
Со оглед на тоа што потекнува од Африка, во текот на годината дрвото кафе ќе бара топлина и светлина. Кога ќе бирате место, треба да се обрне внимание да биде на осветлено место, но истовремено заштитено од директна сончева светлина. Најдобро ќе се чувствува на температура меѓу 22-25 °C. Во лето може да се чува на тераса или во градина, бидејќи бара свеж воздух. Не треба да се претерува со полевањето, бидејќи тоа може да резултира со скапување на растението.
Уште една од главните активности во текот на летото е ѓубрењето. Цитрусното ѓубриво најдобро ќе функционира. Зимската нега на стеблото кафе малку се разликува, бидејќи го забавува нејзиниот развој во овој период и преминува во состојба на мирување. Во зима растението бара пониска темепратура – околу 18-20 °C. Покрај тоа, растението не го ѓубриме во зима, бидејќи не му се потребни толку хранливи состојки како напролет.
Дрво кафе – најдобра почва
Еден од најважните фактори при одгледување на дрвото кафе е вистинскиот избор на почвата. Благодарение на неа, растението ќе расте правилно и нема да се разболе. На кафето му треба плодна и благо кисела почва. Можеме да користиме готови мешавини, најдобро за агруми.
Најчестите грешки при одгледување на кафе вклучуваат: прениска температура под 12 °C, нема светлина и земјата е премногу влажна или сува.
Домашно кафе?
Ако создадете вистински услови за вашето кафе, после неколку години тоа можеби ќе ви возврати со убав, мирисен цвет, кој ќе формира ситни црвени плодови. Ако ги соберете, излупите и исушите – ќе имате сопствено кафе.
