Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за обележани грла кози, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.
Мерка 2.9: Директни плаќања за обележани грла кози
-Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на кози и истите ќе ги чуваат до 31.10.2021 година;
-Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло, односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.
Мерка 2.10: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.9 за задржано женско јаре
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози и се корисници од подмерка 2.9 на оваа уредба;
-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло и се исплаќа за женско јаре кое на 31.10.2021 година е на возраст од шест до 18 месеци.
Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.
