Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалувањето на царините може да ги зголеми инвестициите до 25 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалувањето на царините може да ги зголеми инвестициите до 25 проценти
Агровести

Намалувањето на царините може да ги зголеми инвестициите до 25 проценти

Објавено 18/03/2021
Сподели
6 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Намалување на царините за репроматеријали, обезбедување долгорочни поволни кредити и развој на економската дипломатија, е дел од поддршката што треба да им се овозможи на извозно ориентираните компании за да бидат мотор на растот во пост КОВИД периодот, беше речено денеска пред почетокот на економскиот форум што го организира Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Анализата што ја изготви „Фајненс тинк“ покажува дека намалувањето на царините за клучни инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25 проценти, на производството и конкурентноста, а ќе ја зголеми и иконкурентноста на земјава за нови инвестиции.

-Извозно ориентираните компании имаат потенцијал да инвестираат во технологија и околу 60 отсто од нив се со план да го направат тоа. Тие имаат потенцијал и да вложуваат во инвестиции, како и да бидат дел од структурните промени во насока на јакнење на човечкиот капитал, пред се во процесот на дуално образование. Во однос на привлекувањето нови инвестиции, само кај 19 отсто структурни промени на реалокација кај матичните компании постојат и скоро 90 проценти од компаниите кои имаат процес на реалокација, имаат потецијал да доведат нови производни линии, изјави Благица Петрески од „Фајненс тинк“.

Пандемијата, додаде Петрески, покажа и колку е значајно да имаме домашни добавувачи.

-Во КОВИД-19 се нарушија синџирите на добавување и голем дел од домашните компании беа соочени со проблем од каде да ги набават ресурсите и инпутите. Тоа ја извлече на површина многу малата соработка меѓу странските инвеститори и нашите компании. Во следниот период мора да се јакнат тие врски меѓу нив, а на тој начин да се интензивира и потенцијалот за производство на инпути и репроматеријали во земјата – истакна извршната директорка.

Економската дипломатија, посочи Петрески, е клучна за домашните извозни компании да се прошират на други пазари, покрај постојните на кои се присутни.

-Големо ограничување е човечкиот капитал. Тој треба да се поттикне преку дуално обарзование и преку тренизни и доедукација на работно место – дополни Петрески, изнесувајќи ги заклулоците од анализата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија“.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи се согласи дека извозните компании имаат голема улога во економското закрепнување. Затоа, рече, преку четвртиот и петтиот пакет мерки веќе не се зборува само за помош, туку и за поттикнување нови инвестициски активности на овие производствени капацитети.

-Тука би истакнал неколку од нив, Фондот за поддршка на извозните компании, бескамтните кредити и Законот за државна гаранција за кредитирање кој ќе донесе дополнителна ликвидност за компаниите, а државата ќе гарантира за нивниот влог – истакна Битиќи.

Тој потсети и дека веќе се донесени две мерки со кои за 108 суровини или се намалени или се целосно укинати царинските давачки.

-Продолжуваме да работиме независно на носењето на одредените закони зашто Царинскиот тарифник и усогласувањето може да се направи на два начина – преку автономни мерки и системски, преку промена на целиот Царинскиот тарифник и законот на кој работиме заедно со сите компании – истакна Битиќи.

Тој посочи дека пред пратениците е и законот за фонд за поддршка на извозните компании, а законот за државна гаранција е уште еден инструмент што ќе им помогне во изнаоѓањето нови пазари.

Во однос на тоа колку трпи економијата поради немањето вакцини подолг период, Битиќи рече дека ефектите ќе се мерат по одреден период,

-Се обидуваме да покажеме дека економијата ја оставаме на економистите, а здравството на здравствените работници и професионалците во таа сфера. Сметам дека економските политики дадоа резултат, имаше пад на БДП, но споредено со сите земји на ЕУ тој е многу помал дури и од поразвиените земји. Тоа не укажува дека сме подобри од нив, но политиките дале поголем ефект. Треба да се грижиме навреме да ги носиме мерките за да го ублажиме негативното влијание – подвлече Битиќи.

Според него, на крајот на 2020 година земјава бележи раст на извозот. Во јануари 2021 растот беше за 15,4 отсто во однос на истиот месец лани кој се сметаше за еден од најдборите во изминатите неколку години.

-Во овој месец е забележана досега највисоката покриеност на увозот со извоз од 84,7 отсто што ја немаме постигнато последните 15 години. Јануари 2021 е шестиот месец по ред во кој извозот бележи раст споредено со истиот месец лани, тренд кој се надеваме дека ќе продолжи, а секако е и потврда на соодветните економски политики кои ги имплементира Владата за време на кризата – нагласи Битиќи.

Пред форумот зборуваше и британската амбасадорка Рејчел Галовеј која изрази надеж дека ќе се зајакне економската соработка меѓу

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:царинацаринска управа
Претходен напис Бачовски во посета на Митко Количев, еден од корисниците на ИПАРД фондот од валандовскиот регион
Следен напис Во Радовиш ќе се изгради нов парк во соработка со турската агенција ТИКА
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?