Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обединет Балкан за чист воздух: Нема веќе место за термоелектрани на јаглен…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обединет Балкан за чист воздух: Нема веќе место за термоелектрани на јаглен…
Агровести

Обединет Балкан за чист воздух: Нема веќе место за термоелектрани на јаглен…

Објавено 18/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согорувањето на јагленот е најголемиот индивидуален извор на загадување на воздухот на Западен Балкан, а термоцентралите го предводат согорувањето. Компаниите што управуваат со нив, и државите во регионот, не се придржуваат до законите и прописите за штетни гасови, што доведува до спорови, како што се случаи на прекршоци во рамките на Енергетската заедница.

Истото важи и за другите големи постројки за согорување – објекти што трошат најмногу електрична енергија. Во рамките на индустријата, тие носат најголема одговорност за загадувањето на воздухот, покрај секторот за производство на електрична енергија.

Сулфур диоксид, тешки метали, и други загадувачи го загрозуваат јавното здравје на Западен Балкан, но патуваат и многу подалеку. Од вкупно 3.906 предвремени смртни случаи во 2016 година кои се припишуваат на ефектите од термоелектраните во регионот, 2.013 се случија во Европската Унија, 1.239 во регионот, а остатокот во други земји.

Учесниците на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ се залагаат за навремено затворање на централите со јаглен, како и итно намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од тешката индустрија над пропишаните нивоа. Бараме граѓаните да бидат дел од процесот на донесување одлуки кога станува збор за еколошки (и други) дозволи за производствени капацитети.

Без на кој било начин да се вклучи јавноста во распределбата на парите на даночните обврзници, државите во регионот платија вкупно 72,7 милиони евра директни субвенции во 2019 година на компании кои произведуваат електрична енергија од јаглен, и обезбедија гаранции за заем во вредност од 2,15 милијарди евра.

Освен во индустријата, јагленот се користи и во домаќинствата, дури и во топланите. Елиминацијата на ова фосилно гориво ќе го отстрани најголемиот индивидуален извор на загадување на воздухот на Западен Балкан. ЕУ се откажува од јаглен и ја стимулира употребата на чисти технологии во индустријата, за да се постигнат нето-нула емисии на јаглерод диоксид до 2050 година, помагајќи на тој начин да се ублажи глобалното затоплување.

Државите во регионот ги прифатија овие цели кога ја потпишаа Софиската декларација во ноември 2020 година. Овој документ го отвора патот кон неповратни грантови и финансиска поддршка дефинирани со Зелената агенда за Западен Балкан. Термоцентралите со јаглен и валканата технологија го загрозуваат нашиот опстанок и нè спречуваат да имаме почист воздух или да постигнеме неутралност на јаглерод.

Наместо за изградба или реконструкција на термоцентрали, средствата од буџетот можат да бидат наменети за социјални програми и преквалификација на работниците, како и за инсталирање на соларни постројки во рудници за јаглен што ќе ги компензира капацитетите за производство на електрична енергија што се затвораат. Трансформацијата во индустријата нека биде најзелена во Европа.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот, во партнерство со Правото на градот од Белград (Србија), Институтот за животна средина и територијално управување од Тирана (Албанија), Ekoforum од Зеница и за екологија и Енергија од Тузла (Босна и Херцеговина), Sbunker од Приштина (Косово), AirCare/МојВоздух од Скопје (Македонија) и OZON од Подгорица (Црна Гора). Заедно, ќе ги ставиме на располагање сите материјали на кампањата за граѓанин од Западен Балкан, кого очекуваме да земеме активно учество во кампањата.

За да го згаснеме јагленот и да го вклучиме сонцето, придружете ни се во борбата заснована на солидарност на граѓаните од Западен Балкан и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:обединет балканчист воздух
Претходен напис Производство на лешници – овоштарник кој вреди да се чека
Следен напис Заврши тридневната работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?