Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гринпис: Прекумерно загадување во 2020 година во три четвртини од државите во светот и покрај рестрикциите поради пандемијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Гринпис: Прекумерно загадување во 2020 година во три четвртини од државите во светот и покрај рестрикциите поради пандемијата
Агровести

Гринпис: Прекумерно загадување во 2020 година во три четвртини од државите во светот и покрај рестрикциите поради пандемијата

Објавено 16/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во три четвртини од земјите во 2020 година е забележано прекумерно загадување и покрај значителното ограничување на изворите на загадувачи поради пандемијата, се вели во извештајот на еколошката организација Гринпис.

Извештајот за квалитетот на воздухот, составен од Гринпис и IQAir AirVisual, ги анализира податоците за загадувањето на воздухот собрани во десетици илјади набљудувачки центри. Извештајот ја мери концентрацијата на ПМ 2,5 микрочестички, мали честички во воздухот со дијаметар од 2,5 микрони, кои се особено штетни за здравјето на луѓето. Од 106 земји со достапни податоци, само 24 ги исполнија стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) кога станува збор за ПМ 2,5. Овие честички влегуваат во крвотокот преку белите дробови и се причина за астма, рак на белите дробови или срцеви заболувања. PM 2.5 се создава од песочни бури, шумски пожари, земјоделство, индустрија и согорување на фосилни горива.

Многу делови на светот забележаа привремено подобрување на квалитетот на воздухот во 2020 година, но само привремено, „поради ограничувања поради пандемијата на коронавирусот што доведе до нагло опаѓање на потрошувачката на фосилни горива“, рече Лора Миливирта од Центарот за енергија и Истражување на воздухот, што исто така учествуваше во изработката на студијата.

Како и претходните години, Јужна и Источна Азија се најпогодени од загадувањето со ПМ 2,5 во 2020 година – Бангладеш, Индија и Пакистан имаат 42 од 50-те најзагадени градови во светот, или 49 од 50 ако Кина се додаде на списокот. Подобрување, сепак, е забележано во 86 проценти од градовите во Кина. Меѓу главните градови, Њу Делхи беше најзагаден (како во 2019 година). Следат Дака, Улан Батор, Кабул и Доха. Исламабад е 11-ти, Пекинг 15-ти на таа листа.

Од друга страна, Стокхолм, Хелсинки и Велингтон се главните градови најмалку погодени од загадувањето. САД беа исклучок минатата година и забележаа зголемување на загадувањето со ПМ 2,5 од 6,7 проценти, што беше последица на пожарот на северозападот на земјата. Околу 38 проценти од американските градови не ги исполнуваа стандардите на СЗО 2020, наспроти 21 процент во 2019 година. Во Европа, најзагаден беше полскиот град Ожеше, зад него- Сараево. Скопје е на 74 место.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:загадувањесмог
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за обележани грла говеда
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?