Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Објавено 16/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.3: Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) за произведеното млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Реализацијата на подмерката 2.3.(Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко) од оваа уредба ќе се врши според податоци за откупени количини кравјо, овчо и козјо млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година кои до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги доставуваат регистрираните откупувачите на сурово млеко.

Административните проверки и контроли потребни за реализација на директните плаќања се вршат врз основа на податоци евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:млекосточарствосубвенции
Претходен напис Гринпис: Прекумерно загадување во 2020 година во три четвртини од државите во светот и покрај рестрикциите поради пандемијата
Следен напис Прв онлајн регистар на е-трговци, проверете каде купувате
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?