Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: На располагање нови средства за сточарите кои набавиле пчелини матици и чистокрвни свињи во тек на минатата година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: На располагање нови средства за сточарите кои набавиле пчелини матици и чистокрвни свињи во тек на минатата година
АгровестиЈавни огласи и повици

Бачовски: На располагање нови средства за сточарите кои набавиле пчелини матици и чистокрвни свињи во тек на минатата година

Објавено 13/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите сточари кои во период од 01- ви октоври до 31- ви декември 2020 година, набвиле  педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пчелини матици од одобрени одгледувалишта,  ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој.  Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка, имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

 Сите апликанти кои ќе аплицираат за набавени пчелини матици може да добијат финансиска поддршка до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник. Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Бачовски, појаснува дека ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-Инвестицијата ја реализирал  млад земјоделец. За оваа категорија баратели, кофинансирањето изнесува  55%..

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кофинансирањето е до 60% ,

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец кофинансирањето е до 65% и

– инвестиции во недостапни рурални заедници се кофинансираат со 75% од средствата кои се прифатени. “ – посочува Бачовски.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Барателите на финансиска поддршка, потребно е да креираат електронско барање за исплата. Со бараните податоци да ги прикачат и  задолжителните електронски документи.  Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година., уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0220-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

 Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. 

Краен рок за достава на барањата е 15.04.2021 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:Бачовскипчелни матицисточаричистокрвни свињи
Претходен напис Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа со слаб дожд, а на планините снег
Следен напис Висина на субвенциите за произведен и продаден необработен тутун од реколта 2020 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?