Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за регистрирано презимено пчелно семејство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за регистрирано презимено пчелно семејство
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за регистрирано презимено пчелно семејство

Објавено 10/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници за регистрирано презимено пчелно семејство , објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.17: Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства;

-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска подршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

-Задолжително одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 31.10.2021 година.

Мерка 2.18: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.17. за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели и се одобрени институции (одгледувалишта на пчелни матици);

–Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.

Мерка 2.19: Дополнителни директни плаќања за зголемен пријавен број пчелни семејства од бројот за кој е исплатена финансиска поддршка од претходната календарска година за подмерката 2.17

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат пријавено зголемен број на пчелни  семејства од претходната година, запишани се во Регистарот на одгледувалишта на животни и Регистарот на одгледувалишта на пчели и се корисници од подмерката 2.17. на оваа уредба;

-Висината на директните плаќања изнесува од 30% од утврдената во основната подмерка 2.17 и се однесува на зголемениот број.

Спроведување на подмерките на директните плаќања во поглед на утврдување на бројната состојба презимени пчелни семејства се вршат врз основа на податоци од Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барањето.

Спроведување на подмерката 2.18. од оваа уредба се врши врз основа на податоци од Регистарот на одгледувалишта на пчели во Агенцијата за храна и ветеринарство, Регистарот на одобрени институции–одгледувалишта на пчелни матици во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Крајниот рок за поднесување на барањата по одделните подмерки 2.17, 2.18 и 2.19 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:пчелипчелни семејствасубвенции
Претходен напис МЗШВ: Пчелари со регистрирани минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции
Следен напис Забранет увоз на краставици од Албанија во република Српска
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?