Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сè повеќе луѓе ги напуштаат скапите и загадени градови и ги откриваат убавините на селската идила: „Одлучив да бидам среќен бидејќи тоа е добро за здравјето“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Сè повеќе луѓе ги напуштаат скапите и загадени градови и ги откриваат убавините на селската идила: „Одлучив да бидам среќен бидејќи тоа е добро за здравјето“
Рурален Развој

Сè повеќе луѓе ги напуштаат скапите и загадени градови и ги откриваат убавините на селската идила: „Одлучив да бидам среќен бидејќи тоа е добро за здравјето“

Објавено 09/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Она што до пред некое време изгледаше невозможно, поради пандемијата стана возможно. Населението ги напушта скапите и загадени градови и ги открива убавините на животот на село, пишува Al Jazeera.

Ако веќе треба да се работи преку интернет, зошто да се седи во центарот на Париз каде што изнајмување на гарсониера чини многу повеќе од изнајмување куќа со голем двор и овоштарник на чист воздух во централна Франција?

Парискиот весник Le Monde објавил живописна репортажа под наслов: „Дури и со скромна плата тука може да направите нешто: Освета на селските продавници во Севени и Аубрак (централна Франција)“.

Севени
Севени

Репортерот патувал со камион на компанијата „Magne“, кој по снег и мраз носи продукти за селската продавница во Сен Кроа Вале Франсез, каде што живеат 272 жители.

„Што барате во таа недојдија?“

„… Еве нè стигнавме. Ѕидовите на продавницата се бели, над полиците со кашкавал цитат на Волтер: Одлучив да бидам среќен бидејќи тоа е добро за здравјето…“

Аубрак
Аубрак

Сопствениците Мариса и Давид ја купиле селската продавница пред пет години. Мариса работела во супермаркет, а Давид држел ресторан. Двајцата биле разведени и сакале да почнат нов живот. Купиле мала селска продавница иако многумина им советувале да основаат старт-ап – интернет фирма. Мариса вели дека нејзиното семејство зачудено прашувало: Што барате во таа недојдија?

Пјер Бонефој, сопственик на транспортната компанија „Magne“ вели дека ниту една банка пред 10 години не би дала поддршка за бизнис-план како неговиот – да снабдува со прехранбени производи стотици мали продавници во руралните средини во Франција.

„Не попуштавме и покрај тешкотиите и продолживме да носиме стока таму каде што никој веќе не сакаше да оди“, вели Пјер.

Денес, семејното претпријатие „Magne“ испорачува продукти за 450 мали продавници, а вредноста на неговиот бизнис се зголемила од 16 на 23 милиони евра. Работата напредува и во селата кои до пред извесно време биле заборавени.

Уште пред една година, кога почна епидемијата и првите мерки на „локдаун“, во Плантиерс почнале да стигнуваат автомобили од сите страни, со багаж на покривите, „како да се бегалци“. Летото било неверојатно – кампот и хотелите преполни како никогаш досега, посетителите воодушевени.

„Ве видовме на телевизија – каков воздух, какви реки – и нема вирус“, зборувале.

Сè повеќе луѓе купуваат земјиште и куќи. Една медицинска сестра од Монтпелие, еден воспитувач во пензија од градот Валанс, еден хемичар со сопругата кој првпат бил платен не со пари туку со кокошки и зеленчук. Една „девојка од градот“ била зависна од Фејсбук и од социјалните мрежи и сега се ослободила од тоа.

Велат дека ова е неспоредливо со хипиците од 70-тите години од минатиот век кои го напуштиле системот.

„Нашиот случај е обратен, системот нè напушти нас“, објаснуваат соговорниците на репортерот од весникот Le Monde.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хаос во Франција: Пумпите останале без гориво
Цените на горивата во ЕУ „експлодираа“: Германија и Франција меѓу најскапите, возачите бараат спас во други земји – каде горивото е најевтино?
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Таг:руралноФранција
Претходен напис Каде одат европските пари? На „тапет“ пет земји од Средна и Источна Европа!
Следен напис Земјоделски календар за месец март – овчарство и козарство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?