Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од 20 години со многу љубов охриѓанката Благуна произведува и продава цвеќе
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повеќе од 20 години со многу љубов охриѓанката Благуна произведува и продава цвеќе
АгровестиРастително производствоРурален Развој

Повеќе од 20 години со многу љубов охриѓанката Благуна произведува и продава цвеќе

Објавено 08/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Добра земја, прихрана и многу љубов и внимание се потребни за производство на убави цвеќиња. Вака ја почнува својата приказна Благуна Наумоска, од охридското село Косел, која повеќе од 20 години се занимава со производство и продажба на дворски и саксиски цвеќиња. Љубовта кон цвеќето, ја пренела и на својот син, кој моментално е надвор од државта, но често доаѓа да помогне околу производството.

На патот Охрид – Битола во селото Косел јасни патокази водат до расадникот „Гарденија“, каде со насмевка ќе ве пречека пензионираната тетка Благуна.

Иако сеуште е рано за пролетните и летните цвеќиња, дворот на семејството Наумоски е раззеленет со зимзелени дрвца, зимски цвеќиња и прекрасна зелена трева. Тоа и наговестува со какво внимание и посветеност се грижат за садниците, сместени во три пластеници 20 до 30.000 садници циклама, примула, кала, петунии, сардели, сурфинија, лобелија…

Производството го продава на тезга во Градскиот пазар, но има и редовни купувачи, кои доаѓаат директно од пластениците да купат цвеќиња за своите дворови и тераси.   За охриѓани вели дека се љубители на цвеќе, но освен за 8 Март, свечености, свадби, веридби, матурски, заклучи дека во Охрид многу ретко се подарува цвеќе.

– Нашиот народ, во Охрид, нема навика да подарува цвеќе. За разлика од Скопје, секаде каде и да отидеш со цвеќе ќе влезеш. Тука не. Порано се купуваше многу цвеќе за 8 Март, како за себе, така и за подарок, но последниве години продажбата стагнира. Годинава пак интересот е доста намален, се плашат луѓето да се дружат, да се среќаваат, па така неможат и да си подарат нешто, вели тетка Благуна.

Побарувачката, додава, била намалена изминатава година, но кога почна пандемијата продажбата била многу зголемена.

– Има разлика, годинава во пандемија побарувачката е намалена. Но, лани кога почна короната се изненадивме од големиот интерес. Сите беа дома доаѓаа купуваа цвеќе, ги уредуваа дворовите, градините, терасите. Си посветија време на себе и околината, посочи Наумоска, додавајќи дека најбарани се цветните сорти. Иако големите маркети нудат акции со пониски пред Осмомартовски цени, сепак не гледа конкуренција во нив.

– Си имаме редовни муштерии. Денеска дојдоа редовни клиенти, кои имаат апартмани, направија нарачка за пролетни цвеќиња. Добар дел од садниците однапред ни се резервирани, посочи Наумоска.

Поддршка од државата не добивала никогаш, ниту во година на пандемија некој ги прашал како се снаоѓаат.

– Сме барале субвенции, како што даваат за други култури, но никогаш не сме добиле. Ниту во година на пандемија, никој не не праша како се снаоѓаме, додава Благуна.

Во топлите месеци дворот на Наумоски најмногу го красат сарделите, кавалер и дама и бегонија, но тетка Благуна честопати знае да си купи цвеќе, да си ја нахрани душата со нешто ново поразлично од она што секојдневно го одлгедува.

МИА


Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Благуна наумовскапроизводствоЦвеќиња
Претходен напис Цената на нафтата расте, ОПЕК и сојузниците не го зголемуваат производството
Следен напис Зошто Бил Гејтс стана најголем сопственик на земјоделско земјиште во Америка?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?