Според моменталните информации се чини дека новите варијанти од вирусот во Кина предизвикуваат поблага форма на болеста, правејќи ја помалку смртоносна. Но, студијата што ја пренесува Ројтерс докажува и дека таквите варијанти потешко се контролираат.
Работата на тимот од Институтот за ветеринарни истражувања „Харбин“, при Кинеската академија за науки го докажал претходно споменатото откритие, но не е единствен кој ја проблематизирал оваа тема на природни мутации на вирусот кој зафати голем број свињи во оваа земја во текот на 2018 и 2019 година, но и понатаму ги уништува.
Првата студија на Воениот ветеринарен институт во Чангчун известува за пронаоѓање вирус со делумна делеција на генот (губење на еден или два нуклеотиди), за што претходно е покажано дека ги штити свињите од африканската свинска чума.
„Појавата на помалку вирулентни природни мутанти доенсува поголеми потешкотии во раното откривање и претставува нови предизвици за контрола на африканската свинска чума“, напишале Сун Енченг и неговите колеги во списанието Life Sciences. Тие забележале дека мутантите предизвикуваат непредвидлив тек на болеста и благи симптоми.
Најновите откритија доаѓаат од примероци од седум провинции во текот на втората половина на 2020 година. Истражувачкиот тим открил 22 изолати со мутации, а подоцна на вируси се тестирале четири од нив. Два изолати биле исто смртоносни како и првата форма на вирусот кој кружел во Кина. Но, другите два покажале пониска вируленција со симптоми кои варираат од делумно смртоносни до несмртоносни.
Хроничната форма на африканската свинска чума потешко се открива
Некои аналитичари проценуваат дека оваа зима оваа болест погодила 20% од свињите на северот на Кина. Меѓутоа, на кинеските фарми на свињи се пронајдени најмалку два нови вида африканска свинска чума за која се мислело дека ја создал човекот и тоа поради илегални вакцини.
Новите соеви предизвикуваат хронична форма на оваа болест, а стручњаците потенцираат дека потешко се открива. Но, не е јасно колку се чести новите варијанти кои ги утврдил тимот од Харбин.
„Студијата е многу важна за разбирање на епидемиологијата на африканската свинска чума во Кина“, изјавила Линда Диксон, стручњак за болести од британскиот институт „Пирбрајт“. Таа додала дека истражувањето треба да се прошири за да се утврди колку соеви циркулираат и се зголемуваат или се намалуваат во однос на високо вирулентните изолати.
„Би било корисно за другите земји, особено во Азија, да се надгледува кружењето на варијантите со намалена вируленција за да се обезбедат соодветни мерки за контрола“, заклучила Диксон.
Научниците сметаат дека проверката на делоторноста која моментално се развива во „Харбин“ треба под итно да се процени во однос на новите соеви.
Извор: agroklub.com
