Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доделени два гранта во Кавадарци за набавка на опрема за семејни винарии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доделени два гранта во Кавадарци за набавка на опрема за семејни винарии
Агровести

Доделени два гранта во Кавадарци за набавка на опрема за семејни винарии

Објавено 03/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Кавадарци, врачи две од вкупно 27 одобрени апликации во Тиквешкиот регион за инвестиции во агро секторот преку „Мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“. Апликантите кои денеска ги добија договорите имаат одобрено неповратен грант до 20 илјади евра за набавка на опрема за семејни винарии.

„Имено, со овие средства, апликантите ќе набават пневматски преси, иноксни садови, мелачки за грозје, разладни уреди, пумпи и опрема за флаширање. Модернизирањето на производството на овие млади луѓе е најголем доказ дека нашите мерки даваат резултат, а граѓаните ја препознаваат шансата која им ја дава Владата за поддршка на младинското претприемништво. Петре и Блаже, преку своите семејни винарии ќе овозможат домашното производство на грозје да се преработи во нивни сопствени капацитети и да се произведе сопствено вино, како нов бренд во широката македонска винска лепеза“ – истакна Бачовски.

May be an image of 1 person, standing and outdoors

Бачовски додаде дека преку Мерките кои се реализираат преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се создаваат нови работни места, нови брендови кои позитивно ќе се одразат на домашната економија. Со „мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделско производство“ се опфатени 265 апликанти на возраст до 40 години, за кои се одвоени 3.1 милион евра за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со засилена имплементација на мерки и програми за доделување на финансиска помош како главен двигател на развојот и модернизацијата на агро секторот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бачовскивинаријакавадарци
Претходен напис БДП за четвртото тримесечје од 2020 година е -0,7%, во групата земјоделство, шумарство и рибарство пораст за 1,7%
Следен напис Искористете ја сезоната на млад кромид и придобивките од овој вкусен зеленчук за вашето здравје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?