Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната
Агровести

АХВ: Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната

Објавено 01/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интензивирање на соработката на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу Република Северна Македонија (РСМ) и Соединетите американски држави (САД), преку унапредување на институционалната и бизнис соработка, се дел од темите на кои во рамките на работниот состанок, кој се одржа во петокот на 26.02.2021година, разговараа директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и  Ендрју Мофат, офицер за политички и економски работи во амбасадата на САД во РСМ.  На состанокот, истакната беше досегашната добра соработка на Агенцијата со стручните служби на САД, соработката во рамки на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Codexs alimentarius и регионалните проекти, а  разгледана беше и иницијативата за унапредување на институционалниот капацитет на АХВ на полето на здравствената заштита и лабораториските капацитети. 

Директорот Бабовски ги претстави  активностите и приоритетите на кои работи Агенцијата за храна и ветеринарство на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, како и тековните проекти кои се реализираат.

Господин Мофат ги презентираше активностите кои ги реализираат во регионот на полето на биотехнологијата и најави можност за вклучување на Република Северна Македонија во регионалниот проект, чија реализација треба да почне наскоро, а во кој ќе бидат вклучени соседна Србија, Грција и Хрватска. Во поглед на трговските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, Бабовски потенцира дека државава продолжува со реализација на извозот на мали, но, квалитетни земјоделски производи (сирење) на американскиот пазар и дека се прават напори за зголемување на асортиманот за пласман и на други македонски земјоделски производи во оваа земја. Високиот претставник на САД во земјава го истакна задоволството на САД од работењето на стручните служби на Агенцијата за храна и ветеринарство при реализација на досегашниот извоз на американски производи во земјава, најавувајќи дека покрај пласманот на пилешко и свинско месо, американски бизнис оператори се заинтересирани и за извоз на говедско месо во земјава. 

Од негова страна објаснети беа новите политики на САД  во областа на земјоделското производство, екологијата и  климатските промени, области во кои може и треба да се интензивира и идната соработка меѓу двете земји.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ахвБезбедност на хранаработен состаноксадсоработка
Претходен напис „Се топи“ шеќерот од репката на Стариот континент
Следен напис Денеска во Ресен доделени седум договори преку ИПАРД програмата за набавка на приклучна земјоделска механизација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?