Претседателот на Владата, Зоран Заев од собраниската говорница денеска информираше дека се прават напори да се овозможи слободна трговска размена со Република Турција.
– Работиме на тоа да го постигнеме конечно договорот за слободна трговија со пријателска Турција. Се прават пресметките каде би трпеле штети на домашното производство со евентуален влез на турски производи без царина. Досегашните анализи зборуваат дека малку се тие производи кои ќе претрпат штета од увозот но ние сме многу внимателни и буквално еден по еден ги анализираме сите продукти. Она што не охрабрува е фактот што турскиот пазар нуди голема можност за пласман на сточарски производи, млеко, месо и слично, но и на многу други производи. Верувам дека ќе можеме да ги усогласиме сите детали и набрзо да успееме да го потпишеме договорот – рече Заев и при тоа се заблагодари на турската амбасадорка, потпретседателот на Турција, замениците министри во Владата како и на турските партии и другите коалициони партнери кои учествуваат и даваат придонес во оваа крупна работа.
– Ова е крупна, голема работа и верувам дека во брзо време ќе излеземе со информаици кои ќе бидат поволни за нас. Знаме сите дека Србија има слободна трговија со Турција, но структурата на производите е поразлична од нашата. И покрај тоа, вреди да се разговара и да успееме конечно и нашата држава со Република Турција да има договор за слободна трговија – заклучи Заев.
