Доколку месеците мај и јуни изобилуваат со дожд, постои ризик од појава на сива пегавост на листот од пченицата што директно влијае на намалување на приносот, предвидуваат стручњаците за заштита на растенијата.
Сивата пегавост на листот е болест која се јавува во насадот со пченица секоја година со различни степени на интензитет при што може да предизвика значајно намалување на приносот. Предизвикувач на оваа боелст е фитопатогената габа Mycosphaerella graminicola (синоним Septoria tritici) која предизвикува сушење на деловите на листот или цели листови и губење на тежината на зрното и приносот.
Симптомите прво се забележуваат на долните листови пченица во текот на есента во вид на хлорни дамки со неправилна форма. Внатре во дамките се формираат црни тела кои укажуваат дека растението е заразено со фитопатогена габи. Во текот на пролетта и почеокот на летото симптомите на сива пегавост на листот се најтипични.
Големите дождови во мај и јуни можат да ги намалат приносите?
Патогенот презимува на растителните остаоци и самоникнатите растенија и претставува примарен извор на инфекција. Во есен и пролет од нив се ослободуваат пикноспори и за време на дождовите со пренесување на капките дожд стигнуваат до листот и навлегуваат во растението низ стомините отвори при што настанува инфекција.
Доколку мај и јуни изобилуваат со дождови постои голем ризик од појава на сива пегавост на листот што директно влијае на намалување на приносите, предупредуваат стручњаците.
Заразата може да го намали приносот за 40 отсто, а загубите се најголеми доколку болеста се прошири при класење на растението и се развива токму во услови на зачестени дождови и студено време. Од инфекцијата до појавата на првите симптоми може да помине од 14 до 28 дена.
Како да се заштитат посевите?
Успешното спречување на појавата на патогени се постигнува со примена на интегрални мерки на заштита и тоа: плодоред, одгледување на толерантни сорти, уништување на растителни остатоци и хемиски мерки на заштита. Со достигнување на прагот на штетност потребно е да се применат хемиски мерки на заштита и тоа со препарати на база на хлороталонил, тиофанат – метил + епоксиконазол, азоксистробин+ципроконазол и други регистрирани препарати за уништување на пегавоста на листот.
Извор: agroklub.rs
