Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Србија во тек е голема акција на откривање на неквалитетен и фалсификуван мед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Србија во тек е голема акција на откривање на неквалитетен и фалсификуван мед
Агровести

Во Србија во тек е голема акција на откривање на неквалитетен и фалсификуван мед

Објавено 24/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повлекувањето на производи кои не ги исполнуваат параметрите на квалитет за да бидат мед, кој се употребува како намирница во исхраната , во Србија трае веќе 10 дена, наведуваат од Ветеринарната инспекција на Министерството за земјоделство.

– Во текот на службените контроли на производителите и дистрибутерите на мед на пазарот на Србија, утврдено е дека медот на одредени производители не ги исполнува барањата за квалитет кои се пропишани по Правилникот за квалитет на медот и други производи на пчели – се наведува во пишана форма. Се додава дека таквиот мед не може да биде користен како намирница во исхраната, туку само за готвење или печење (пекарски мед).

Повлекувањето на ваквите производи од пазарот е врз основа на решението на ветеринарната инспекција. Ветеринарната инспекција истакнува дека не се работи за небезбеден, туку за производ кој не ги исполнува параметрите за квалитет.

„Во согласност со овластувањата, ќе бидат поднесени соодветни пријави, а информацијата за утврдената состојба е веќе проследена до другите надлежни органи и инспекции поради преземање мерки од нивната надлежност“, наведува Управата за ветерина.

Претседателот на Сојузот на пчеларски организации на Србија (SPOS) Родољуб Живадиновиќ во изјава за Танјуг вели дека ваква важна акција досега никогаш не се случила во Србија, бидејќи истовремено ги ангажирале сите надлежни органи, ветеринарната инспекција, пазарната инспекција, полицијата, управата за криминалистичка полиција, даночната полиција и санитарната инспекција.

„Според нашите сознанија, ветеринарната инспекција одземала над 150 примероци мед на терен. По прв пат во сите примероци се утврдува автентичност на медот, односно преку потекло на шеќер во медот. Така се откриваат и многу вешти фалсификати, кои инаку ги поминуваат стандардните анализи“, рекол тој.

Живадиновиќ тврди дека, според сознанијата на SPOS, досега е откриено фалсификување на мед од страна на фирмата Med Honey од Вучак кај Смедерево и земјоделското стопанство Вученовиќ од Сремска Митровица.
„Според нашите информации, во текот на контролата е најден фалсификуван мед, кој доминира, но и вистински мед кој има пореметени фактори на квалитет од поради претерано загревање или чување пред ставање во промет. Сепак појавата на таков мед при контрола е симболична појава, а во 99% случаи ветеринарната инспекција открила фалсификуван мед, во дијаметар од тотални фалсификати, кои не виделе пчела, до мед на кој му е додадена значителна количина на шеќер“, рекол тој.

SPOS апсолутно ја поддржува оваа акција која е во тек и инсистира да се заврши кај сите субјекти кои пласираат мед на пазарот.

Извор: agronews.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:медсрбијафалсификат
Претходен напис ФИТР со нова програма за соработка на стартапите и корпоративниот сектор
Следен напис ЕУ планира појасно да го означува потеклото на прехранбените производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?