Зимското прскање на праските важно е да се изврши правилно со цел да се заштитат растенијата. Пред сè, потребно е да се отстранат сувите плодови од минатата година, со цел да се спречи можното ширење на инфекции и да се исечат сувите, заболени, кршливи гранчиња и да се проретчи крошната.
Потоа следува прскање, кое, како што објаснува Ѓургица Кшенек, виш стручен советник за заштита на растенијата, се спроведува во фазата на набрекнување на пупките, пред да излезат малите лисја. Што се однесува до самото време, сега е крај на февруари кога температурите напладне ќе бидат над 10 ° С.
“Единствената заштита од болеста свивање на лисјата, е превентивниот третман со заштитни средства кои содржат бакар”, објаснува таа, додавајќи дека тие се користат и против монилија (гниење на овошје) и против порозност на лисјата.
За да може заштитата да биде ефикасна, важно е, нагласува таа, да се испрска целото дрво, и трупот и крошна.
Освен кај праските, сега заштитата се прави и кај кајсиите, додека за другите овошја се уште е рано, кај нив заштитата се прави дури во март. „Сè зависи од тоа како ќе се движи вегетацијата“, истакнува Кшенек.
Слушнете ги сите нејзините совети во видеото:
Извор: Агроклуб
