Јапонската овоштарска индустрија страда поради недостаток на работна сила и стареење на постоечките работници. Затоа, како што пишува Future farming, тамошната национална Организација за испитување на земјоделство и храна (NARO) во соработка со Универзитетот „Ритсумеикан“ и фирмата „Denso Corp“, го конструира прототипот на робот за берба на овошје. Комбинираното мало возило и машината инсталирана на неговата приколка може да ја извршува работата целосно анонимно. Приколката е опремена со две, така да ги наречеме, роботски раце, кои го извршуваат берењето на овошјето. Ова беспилотно земјено летало се движи помеѓу стеблата со помош на навигација.
Бере со иста брзина како луѓето?
Роботската рака внимателно го зема плодот од јаболкницата или крушата, вртејќи го сè додека петелката не се одвои од гранката. Брзината што му е потребна да го скине е некаде 11 секунди, а иноваторите сметаат дека толку време му е потребно и на човек да скине јаболко или круша.
Моментално одговара само за берба во одгледувачка форма на буквата V.
Плодовите после бербата се редат во гајби, а потоа одат во системот за складирање, кој е поставен на возилото. Кога багажникот ќе се наполни, тој се заменува со празен, а роботските раце продолжувата да го берат овошјето. Целиот систем всушност е многу сличен на производно-амбалажното решение. Кога ќе се наполнат гајбичките, може да се превезува понатаму, до местото на транспорт.
Понатаму, овој проектен тим развива оптимални форми на стеблата и техниката на садење за кои ваквите сиситеми ќе бидат применливи, како што е веќе споменатата одгледувачка форма V, но и други овошки кои одговарааат, како цитрусите и јаболката. Освен тоа, во текот на овој проект од Универзитетот „Ритсумеикан“ развиле софтвер за проценка на зрелоста на плодовите со помош на сензор.
Погледнете како изгледа бербата со помош на овој робот:
Извор: www.agroklub.com
