Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на тутунарите и откупувачите со министерот Хоџа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба на тутунарите и откупувачите со министерот Хоџа
Агровести

Средба на тутунарите и откупувачите со министерот Хоџа

Објавено 15/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска ќе одржи средба со претставници на тутунопроизводителите и откупувачите на тутун. Како што изјави Хоџа во петокот, на средбата ќе стане збор за методологијата за распределба на петте милиони евра помош за тутунарите, предвидени со петтиот пакет антикризни мерки.

Целта на овие средства, нагласи Хоџа, е да се исполни ветеното од пред еден месец – откупната цена на тутунот да не биде под 180 денари за килограм.

-Тоа е рамката на средствата што се обезбедени. Со нив ќе се обидеме да им помогнеме на тутунарите поради тешката година и да го исполниме ветувањето дека просечната цена нема да биде под 180 денари. На средбата ќе ја утврдиме точната методологија како ќе се направи тоа, истакна министерот.

Хоџа информира дека за откуп се останати уште 1.500 тони тутун. Тој очекува заклучно со денеска да бидат преземени овие, договорени количини, за да се утврди потоа и начинот за откуп на вишоците.

-Откупот на договореното производство би требало до понеделник да се заврши. Потоа, како што утврдивме на минатите заедничлки состаноци, ќе утврдиме како треба да се откупи вишкот, за што се заложија и откупните компании, а дали ќе има потреба за продолжување на законскиот рок ќе се одлучи на состанокот во понеделник и врз основа на тоа ќе се преземат конкретни мерки, рече Хоџа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откупувачисредбатутунариХоџа
Претходен напис Украинските сточари бараат ограничување на увозот на свинско месо од ЕУ
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на aктивен туризам
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?