Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Георгиевска: Благодарение на субвенциите за туристички цели на селски домаќинства од 200.000 денари, го решивме греењето и ни се зголеми бројот на гости во зима
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Георгиевска: Благодарение на субвенциите за туристички цели на селски домаќинства од 200.000 денари, го решивме греењето и ни се зголеми бројот на гости во зима
Фондови

Георгиевска: Благодарение на субвенциите за туристички цели на селски домаќинства од 200.000 денари, го решивме греењето и ни се зголеми бројот на гости во зима

Објавено 05/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за Економија, со цел поттикнување на развој на туризмот во руралните средини предвидува финансиска поддршка при градење или адаптација на селски домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги во согласност со Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознаката во селските домаќинства во руралните средини.

Финансиската поддршка во износ од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000,00 денари, ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, реконструкција како и за уредување на просторот на селски домаќинства.

Критериуми кои треба да ги исполнат домаќинствата се: објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа, да подготвуваи послужува топли и ладни јадења, пијалаци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби), надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредена. Ваквите семејни домаќинства ќе добијат ознака на која има „сончоглед―, како потврда дека станува збор за селско домаќинство во рурална средина кое врши угостителска дејност.

Со поддршка на селските домаќинства се обезбедува самовработување за лица во рурални средини и зголемување на автентична туристичка понуда, со можност за промоција на локалните вредности.

Оваа активност ќе се реализира во периодот од месец февруари до месец октомври 2021 година.

Ваква мерка пред две години искористила Катарина Георгиевска, сопственичка на капацитет за селски туризам во село Оморани „Ранчо и Ванчо на Ката“, за набавка на систем за греење.

Идејата ја имале веќе неколку години, но инвестицијата од 4 -5 000 евра сами не можеле да ја реализираат.

-Со тоа постигнавме две работи. Прво, сега престојот во зима е многу пријатен, бидејќи камена куќа без современа изолација на куќа е тешко да се одржува загреана, но со овој систем ние го постигнуваме тоа. Така да ја продолжуваме работата со сместување на гости и во зима и за разлика од претходните години, веќе забележуваме зголемен број на гости во зима. Потоа, претходно имавме поставено електрични греалки во сите соби и во бањите, но комфорната температура на долниот кат беше многу тешко да се постигне (со камин и 2 греалки) и генерално, во ходникот и бањите беше доста студено. Трошокот за енергенси кој сега го плаќаме за истиот број на денови, во споредба со претходните години е драстично помал, да речеме дека околу 40% се намалени тие трошоци, а температурниот комфор е исто драстично подобар, односно постигнат. Со овој модерен систем многу едноставно се манипулира. Ние направивме кратко видео клипче од 4 минути, им го праќаме на гостите и тие можат самостојно да управуваат со него. Нема сечење дрва, чад, непријатна миризба од нафта/гас, значи презадоволни сме од целиот комфор воопшто.

Георгиевска е задоволна од оваа поддршка на државата но потенцира дека заинтересираните треба порано да почнат со подготовка на апликацијата затоа што можно е да имаат административни проблеми во вадењето на потребната документација за аплицирање.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Денеска е извршена исплата во износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Објавен повик за Мерка 7 од ИПАРД: 600 000 евра грант за рурален туризам, алтернативно производство, ветеринарни станици…
Објавен ИПАРД јавен повик за МЕРКА 7: 14 милиони евра неповратна финансиска поддршка
Објавен ЈАВЕН ПОВИК: До 600.000 денари неповратен грант за комбајни за ориз и мобилни сушари
Таг:ВанчоКатаранчосубвенци
Претходен напис „Недела неработен ден“ е законско решение за постигнување социјална рамноправност и заштита на работничките права
Следен напис ИНТЕРВЈУ- Арјанит Хоџа: Нови 5 милиони евра помош за тутунарите, годинава приоритет договорното производство како најдобро решение за сите земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?