Од идеја до реализација. Вака ќе ја насловиме приказната на фамилијата Пивковски од Могила. Ова е 42 годишниот Сашо Пивковски, кој ја раскажа нивната приказна за Тера.мк.
Фамилијарно се занимаваат со земјоделие. Од секогаш работеле по нивите кои најчесто ги садат со житни култури. Правеќи си пресметки што е она што најмногу може да им се исплати, односно како сопственото производство од обработката на земјата да го пласираат на пазарот, а притоа добро да заработат, решиле да почнат фамилијарен бизнис. Со помош и консултација на експертите од Хемометал во 2006 година почнуваат со производство на конзумни јајца. Изградаиле хала со капацитет од 10 илјади кокошки, а опремата за одгледување на кокошките и производство на конзумни јајца ја набавиле од Хемометал. Дневно произведуваат од 5 до 6 илјади јајца на ден во летниот период, а околу велигденските празници кога работат со полн капацитет произведуваат и до 9 илјади јајца дневно.

„Преку компанијата Хемометал од Кравари ја имаме набавено оваа европска опрема за одгледување на несилки односно за производство на конзумни јајца. Целокупното производство е автоматизирано. Капацитетот е на околу 10 илјади несилки од кои произведуваме од 8 до 9 илјади јајца дневно. Сето тоа го овозможивме со заедничка сиоработка со Хемометал, односно има автоматско собирање на јајцата, автоматска исхрана, автоматско обезбедување на амбиенталните услови во фармата, а тоа значи автоматско регулирање на температурата и релативната влажност, а со тоа задоволување на сите биосигурносни мерки во самата фарма. Самата хигиена е на многу високо ниво, благодарение на оваа опрема која ја набавивме од Хемометал“, рече Пивковски.
Производството во фармата освен што е автоматизирано каде што 3600 јајца на час се селектираат по големина, е и климатизирано. Идеални услови за кокошките се вели кога оптималната температура на воздухот е 20 степени, а влажноста од 55 до 65 проценти.

„ Кокошките ги раниме уште во 6 часот сабајле, потоа јајцата автоматски се собираат, тука човечки допир нема со јајацето, јајцето преку ленти директно оди до просторијата за сортирање, се паковаат во одредена грамажа, има баркодови, самото јајце е обележано, тоа значи јајацето се знае со која бројка и во кој собирен пункт е. Јајцето на температура од 18 степени може да биде најдобро за јадење од 20 до 28 дена“, вели Пивковски.
Обработуваат 50 хектари земја која ја садат исклучиво со пченица, пченка, и сончоглед. Годишниот принос им е околу 200 тони пченка, 100 тони пченица и 30 тони сончоглед. Целиот принос го користат за храна на кокошките.Само 20 проценти од дневните количнини ги купуваат, тоа е соја и сточна креда. Вели дека за јајцата да се со висок квалитет и да имаат добра хранлива вредност кокошките треба да се хранат правилно.

„Нашата земјоделска фирма со примарно производтсво на житарици и краен производ производство на конзумни јајца. Обработуваме поголема количина на земја од кои произведуваме пољоделски култури, какао пченица, пченка и сончоглед. Сетоа тоа ние е за потребите на нашата фарма. Целокупното производство на житарици обезбедуваме од нашите сопствени површини . Нашите култури кои ги произведуваме се испитани со тоа што целокупната храна која им ја даваме за нашата фарма е со испитан квалитет.Голема соработка имаме со Хемометал од Битола за да произведуваме на поголема количина на земјоделски производи ни треба дополнителна земјоделска механизација . Тоа го правиме преку Хемометал од Кравари кои што со помош на стручните лица ги задоволуваме оние наши потреби за да може целиот производен процес оди натаму. Имаме земено влечни тањирачи, Солис тракторите, култиватори, меѓуредни итн. Сите агротехнички мерки ги задоволуваме со одредени стандарди. На тој начин имаме рекордни приноси од пченка, пченица и сончоглед. Важно е тоа што имаме производство од нива до трпеза. Крајната наша работа е производство на конзумни јајца“, рече Пивковски.
Главната цел им е задоволување на крајните потрошувачи преку создавање на производ со постојан квалитет.

„Имаме редовно испитување на хемискиот дел, редовно се прави микробиолошка анализа, сакам да кажам дека ова јајаце е најабезбедното јајце . Имаме затворен процес со сите биосигурносни во однос на храната на живината. Ги доставуваме преку нашата продажна мрежа“, рече Пивковски.
Упати порака до сите оние кои што сакаат да почнат свој бизнис
Во иднина планира да го прошири производствениот капацитет на живинарската фарма, и да го зголеми производството на житни култури. А за тоа ќе му биде потребна и нова механизација која како што рече ќе ја набави од Хемометал.

Во знак на долгогодишната соработка од страна на Хемометал доби плакета.
Извор: Тера.мк
