Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство
Агровести

Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство

Објавено 04/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кавадречките советници на последната 51 редовна седница едногласно ја усвои одлуката за ко-финансирање на регионален проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделско производство.

Вкупната проценета вредност на регионалниот проект изнесува 10. 000. 000 денари со вклучен ДДВ. Средствата во износ од 9.000 000  денари ќе се обезбедат од Биро за регионален развој, а останатите 1.000 000 денари ќе се обезбедат од другите општини Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија.

Ко-финансирањето на општина Кавадарци е во висина од 450.000 денари за поставување на 18 мерни станици, и ќе се обезбедат од Буџетот на општина Кавадарци за 2021 година.

Со поставување на мерните станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површни на територијата на општина Кавадарци, односно на лозово-овоштарските насади. Мерните станици ќе даваат точни информации за  влажност на воздухот, сончевите денови во годината, количеството на врнежи,  степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер со што значително ќе може да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, а тоа ќе допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди а во исто време зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев информира дека со инсталирање на вакви станици на повеќе локации во општините од регионот, земјоделците ќе добијат можност за квалитетна и економична заштита на земјоделските култури.

-„Земјоделците ќе добиваат информации за временските услови и совети кога е вистинско време да вршат заштита на земјоделските култури од болести и штетници. Вакви мерни станици веќе има поставено компанијата „Гоце Делчeв“ и во местата каде се поставени има заштеда во пестициди од околу 30-40%. Со овој проект ќе се користат помалку препарати, а ефектот ќе биде многу поголем.“ рече Јанчев.

 Извор: КТВ Телевизија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кавадарцимерни станицисмаарт земјоделство
Претходен напис Сончево време со температура до 20 степени
Следен напис Откупната цена на свињите во ЕУ се намали за 36 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?